ЕВЕ ЗОШТО СТУДЕНТИТЕ ПАЃААТ НА ИСПИТ!

Day 1,818, 10:53 Published in North Macedonia North Macedonia by krembananka

На секој студент барем еднаш му се случило да оди на испит длабоко надевајќи се дека, иако не дал се од себе, баш овој пат ќе му се насмевнат среќата и ѕвездите и ќе положи.

Шегата на страна. Падна на испит. Го бараш виновникот. Па еве, можеби некои од овие причини ќе ти помогнат.

1. Реално, никогаш не си присуствувал на предавања. Не знаеш ни како изгледа професорот. Ок, на некои факултети предавањата не се задолжителни. Н сепак, обиди се да одиш барем на едно од нив, за да ги дознаеш потребните информации за спремање на колоквиумот или испитот.

2. Твојата 15 минутна пауза од учење се претвора во гледање филм, а потоа си одлучил да дремнеш и си се пробудил - следното утро.

3. Додека учиш, цело време седиш пред компјутер на Фејсбук и паралелно зборуваш со неколку пријатели. И да, тоа го нарекуваш учење.

4. Твојата книга воглавно собира прашина бидејќи секогаш учиш само од скрипта.

5. Додека си бил на предавања, не си внимавал, бидејќи секако, од телефонот си приклучен на Фејсбук.

6. Во 4 часот наутро, неколку часа пред испитот, сфаќаш дека е време да започнеш... да учиш.

7. Не сакаш да пропуштиш нитуедна студентска забава.

8. Отсекогаш имаш проблем со организирањето на своето време.

9. Имаш пренатрупан рарпосед и едноставно, не стигна да научиш.

10. И едноставно - испитот навистина бил претежок.

Така што, се надеваме дека успеавме да те расположиме и да ти ги оттргниме мислите од твојот мал неуспех. Сигурно се обвинуваш самиот/ата себеси но немој да се грижиш, наредната сесија ќе биде успешна.