Можеби ке ви послужи оваа СТАТИЈА!
krembananka
Последиците можат да бидат големи, бидејќи покрај тоа што ќе се расипе компјутерот, можете да останете и без драгоцените податоци.
Тастатурата на компјутерот е многу чувствителна, особено на вода, прашина и ладно. Во случај да полиете течност на лаптопот или компјутерската тастатура, последиците можат да бидат големи. Еве што треба да направите:
Ако полиете кафе или вода немојте да го бришете компјутерот, туку што побрзо исклучете го од струја. Ако се гаси полека, притиснете го копчето за исклучување, превртете го лаптопот и извадете ја батеријата.
Додека го превртувате, внимавајте течноста од тастатурата да не дојде до екранот. Почекајте се да истече, превртете го комјутерот на различни страни да проверите дали има уште течност.
Кога ќе истече се, пребришете ја тастатурата со памучна крпа. Ако мислите дека останала уште некоја капка, можете да го исушите со фен за коса, така што ќе го наместите на топло и ќе го држите на 20 см подалеку од компјутерот. Водете сметка воздухот да не оди во мониторот, туку само на тастатурата.
Би било добро да почекате неколку часа пред да го вклучите комјутерот. Доколку течноста која сте ја истуриле содржи шеќер, постои можност тастатурата да не работи добро како претходно, па затоа е најдобро да го однесете на сервис каде ќе биде длабински исчистен.
Шаутни и Субни ако барем еднаш во животот си истурил нешто на твојата ТАСТАТУРА
🙂
Comments
Ако го полиете со кафе или било каква течност што содржи шеќер (чај, сок....) најдобро е да го исклучите од струја и да ја извадите батеријата и да го однесите на сервис. И после сушење шеќерот може да остане на некој од компонентите и ако го уклучите да направите поголем проблем. Исто не чекајте компјутерот да се исклучи со shut down туку одма вадете ја батеријата и исклучете го од струја. Мене ми се истури кафе на лаптоп и го однесов на сервис и ми го исчистија ама тастатурата не работеше 🙁
@ MrDrunk TAKA E +1
na drugar mi u se isturi sok go isusi so fen ama secerot si go stori svoeto mu ja zalepil tastaturata :/
se mozhe da se deshava ama ova moze da pomogne nekad....i men mi se istura kafe pa samo ja izbrisav so krpa ni ja isusiv ni nisto ali posle koa stisnev nekoja bukva po 20-30 pati mi ja otcukuvase 😃😃😃😃