На кафе со Фауносков

Day 1,802, 08:21 Published in North Macedonia North Macedonia by Goramn

Faunoskov

RAW English version of this interview >> http://pastebin.com/LUEdbEZ4


Почитувани читатели,

Се собравме на едно не многу познато меанче заедно со Чивас Регал, Фауносков и неодоливиот Иванче. Пред да поминеме на едно мало интервју, си направивме неколку реда неважен муабет, се расправавме малку и за Токио (ние им велевме дека Цацко ги поставил темелите, они велат дека е град креиран од Маите). Да не должам многу околу она неважното... Ви го презентирам интервјуто на малку необичен начин со еден од влијателните луѓе во Чиле.
Ви го претставувам Фауносков, човекот кој ја започнал оваа виртуелна одисеја во далечната две илјади и седма. Тој за себе вели дека не се чувствува како највлијателен, но тоа не и е негов интерес и неговата цел не е да биде влијателен туку да ужива во благодетите што ги нуди овој еСвет.
Фауносков е дел од онаа група на играчи кои стекнале интересни искуства и доживеале многу работи во еСветов. Не жали за ништо, се смее во бароктен стил. 🙂

„Патеката по која чекориме е некорисна доколку живееме без визија ден по ден. Мојата визија е гледајки ја државата како расне ден по ден, како се зголемува територија по територија (иако имаше период кога не ни постоевме на картата на еСветот). Ние имаме верба во поголемо Чиле. Од ден во ден го гледаме Чиле како поголем, по моќен...“

За момент го прекинавме интервјуто одкога го здогледавме Ивче со очи отворени како варен зајак кон шеталиштето. Кога се завртевме... устите ни беа како да јадевме банана.
Имаше што да се види. 😁


Бевме четворујца, а само едно девојче, да ја делевме на четири дела не можевме но затоа пак продолживме да уживаме виртуелно со неа, во нашите глави. 😎

Иванче, како наш најдобар историчар и филозоф, го праша Фауносков за неговите знаења, дали може да разменат по некоја мисла.
Одговорот гласеше:
„Имам познавања во многу области и „примам“ познавања од многу извори. Го „држам“ знаењето. Оние што знаат, доваѓаат и се консултираат со мене, ме прашуват за совети или пак побаруваат посредник кога се во конфликт. Од секогаш сум и служел на државата.“
„Сум бил член на сите функции во владата. Пишував статии за новороденчињата и нивните први чекори. Имам пишувано и за случувањата во еСветов, воени извештаи, резултати од политички избори. Покрај сите тие обврски кои се во склоп на еРеп, сега работам на серијал кои ќе вклучува корисни туторијали за новите играчи и нивно лесно снаоѓање во играва. Емисиите ќе се одвиваат на G+ Hangouts. Нашата втора емисија можете да ја погледнете на следниот линк: http://www.youtube.com/watch?v=swVZ0ORCEZc. 😎

-Дали сте запознаени со сојузот LEA?
„Да, и тоа многу добро. Мислам дека целта е слична со онаа на TC, да се изграде цврсто пријателство помеѓу мал број на држави. Според мене, во иднина можеби ќе бидеме сведоци на многу вакви алијанси помеѓу две или три држави што би ги направило настаните во еСветов многу интересни. Големите сили (алијанси) нема да можат да опстојат, најверојатно.“
„Мислам дека е време да се заборави мотото на ONE, заедно мора да основаме фронт каде што главната цел ќе биде пријателството... она вистинското, а не пријатели само кога е потребна помош во некоја битка. На еСветов му се потребни неколку сојузи со мал број на држави.“

-Кое е вашето мислење за моменталната влада?
„Потполно се сложувам со моменталната влада на Р. Македонија. Според мене, тие направија одлични одлуки кои се ептен важни за иднината на државата. Го велам ова бидејки Чиле беше исфрен од TERRA поради фактот дека бевме мала држава и не способна за нанесување на голема штета во битките на тогашните сојузници. Сета моја подршка кон Македонците. Доколку дипломатијата е на високо ниво, Вие ќе успеете да постигнете многу во иднина.“

-Какви познавања имате за историјата на Македонија? И нешто околу заедничката иднина на Македонија и Чиле. 🙂
„Знаев многу малку за Македонија. Знаев за нивната неверојатна битка против нивните јужни соседи http://www.erepublik.com/en/wars/show/5074 и уште некои работи. Многу научив од кога станавме блиски сојузници, а пред се пријатели. Во иднина се надевам дека Чиле и Македонија ќе градат историја во која и двете земји ќе бидат дел од неа.“
„Околу нашата заедничка иднина, треба заедничко организирање на воените единици, заедничко организирање надвор од самата игра, како што е irc светот, секојдневни известувања од самите играчи, а не да чекаме со денови од министрите.“

-Сте размислувале за Ваша сопствена воена единица?
„Не, никогаш. Мислам дека „Имам своја единица“ е софизам. Бев ментор и ко-основач на воената единица LAUTARO, првата воена и првата политичка партија Rodriguista во Чиле. Од самиот почеток целите беа да се организира и воведе воедна единица за обичните граѓани, цивилите, така што ќе сме во можност да ги развиеме единиците и нивните членови за доброто на државата. Долго пред админите да ги воведат воените единици како модул, многу луѓе ни помагаа со храна и оружје, а за возврат ние работевме во нивни фирми.“
„Се сеќавам на двoјца членови кои несебично ни помогнаа и вредат да се споменат.
--Dragon_Azul_05 од Чиле и
--Talkewa од Венецуела.
Со бејбибумот (за кого пишував во претходните две статии) имавме многу нови играчи и бевме најбројна воедна единица во Чиле. Многумина не напуштија (неактивност) додека успеавме да задржиме добар дел и да ги мотивираме да играат до ден денес па и во иднина.“
„Единицата LAUTARO е втора во Чиле по бројност иако многумина од „првиот состав“ не се веќе во неа. http://egov4you.info/country/overview/64

-Дали во моментов имате некаква владина функција или работите тајно?
„Во моментов не, а не ни сакам во иднина да бидам дел од нечија влада. Имам доволно простор и годинава им помогнав околу нивните планови, во февруари и септември бев МзО и МзНР. Бев и советник на неколку претседатели. Секогаш за Чиле, без оглед на тоа кој стои зад кормилото. 🙂

-Сте биле вклучени во формирање на алијанса, на национално или интернационални ниво и со кого?
„Учествував во формирањето договорот на CoT. Можев да бидам член на HQ-то на CoT но не бев заинтересиран бидејки CoT не е алијанса, CoT е братство/заедница. Денес CoT ќе го превзема темелот на една од алијансите во еСветов што е некаков важен знак за во иднина. Можеби е време да се превземе некаква контрола и да се направат некои важни одлуки. Кога ние бевме дел од TERRA, јас бев неколку месеци дел од HQ-то се до последниот ден кога пропаднавме.

-Дали сте добро запознаени со сојузниците на Чиле?
„Многу добро. Ги познавам сите сојузници, некои повеќе - некои помалку. Моја желба последниве неколку години беше да се создадат нивоа на држави, од најсилни до најслаби. Бев во многу држави со цел да го промовирам Чиле како одлична држава. Бев во држави со кои бевме сојузници, во држави каде што владееше омраза спрема Чиле, дури и во Аргентина и Бразил каде што одамна време ни беа добри сојузници.“
„Мојата нова цел е Полска. Сакам на Пољаците да им го претставам Чиле во најдобро светло и да им дадам до знаење дека Чиле е сојузник на кому може да му се верува. Ние сме држава која расте од ден во ден додека пак Пољаците си „играат играчки“. Мислам дека е време да престанат да си играт со оган и да донесат некои важни одлуки до крајот на годинава.

Го испивме кафето и го викнавме келнерот, арно ама му завршила смената. За наша среќа, новата келнерка изгледаше феноменално и за момент не' одмори од напорната работа.

Ванчо па дебил, ја праша од кај и е фустанот за да го купи истиот и да го подари на женска му.

Со поважниот дел од интервјуто завршивме, на ред доваѓа Фауносков и нешто повеќе за него во вистинскиот живот.
Тој е професор по филозофија, има околу 30 години, живее во Сантјаго (Santiago de Chile) и обожава авантури и сака патувања низ светов само што сеуште нема почнато. 😇
Македонија ја нема посетено но ни' вети дека ќе ја посети штом му се пружи шанса. Нема жена и нели, нема ни деца, но кога ќе дојде денот, ќе има минимум три џуџенца кои ќе ги одгледува на овој свет.
Го прашавме и за некој совет кон кликерите.
„Не губете верба во она во што верувате, не заборавајте дека не сте нечиј робови и иднината е во Ваши раце. Вие одлучувате што ќе правите со Вашиот живот. Не заборавајте дека државите нема да постојат доколку не соработуваат едни помеѓу други. Најважно нешто се другарите и забавата.“

Ете и негова слика за малку по љубопитните.



До следно читање. o7

Para siempre Chile y Para siempre Macedonia

Простете за грешките доколку ги има, али три ипол саати ја преведував и пишував статијава.