Приказна која освои повеќе од милион срца!

Day 1,759, 10:16 Published in North Macedonia North Macedonia by NiXxXer

Вистинска приказна, раскажана од њујоршки таксист…Можеби не завршува со среќен крај, но сепак вреди да се прочита.

Ви ја пренесуваме во целост:

„Пристигнав на адресата, по неколку минутно чекање свирнав. Бидејќи ми беше тоа последната дестинација за тој ден, помислив дека можам да заминам, но го паркирав автомобилот. Излегов од него, дојдов до вратата од станот и заѕвонив. ’Само момент!‘, слушнав постар глас. По кратка пауза вратата конечно се отвори. Пред мене стоеше жена од околу деведесет години. Носеше фустан и шапка, токму како да излегла од некој филм од 40-тите години. Покрај неа се наоѓаше една торба. Станот изгледаше како веќе со години никој да не живеел во него. Целиот мебел беше прекриен со платна. Во аголот имаше картонска кутија каде имаше фотографии и стаклени предмети.

’Можете да ми ја пренесете торбата до автомобилот?’, ме праша. Ја однесов торбата до автомобилот и се вратив да ѝ помогнам. Ме фати за рака и полека се движевме. Постојано ми се заблагодаруваше на љубезноста. ’Нема на што. Кон своите патници се однесувам онака како што посакувам луѓето да се однесуваат кон мојата мајка‘. ’ Ти си толку добар‘ ми кажа. Кога влеговме во автомобилот, ми ја кажа адрестата до каде требаше да ја одведам и ме замоли да ја повозам низ градот. ’Не е тоа најкраткиот пат‘ и реков. ’Мене никаде не ми се брза, одам во дом за стари лица‘ ми одговори.

Погледнав во ретровизорот. Очите и беа насолзени. ’Немам никого повеќе. Докторот ми кажа дека не ми останува уште многу време‘. Го исклучив таксиметарот. ’По кои улици сакате да се возите?‘ ја прашав. Наредните два часа ги поминавме возејќи се низ Њујорк. Ми ја покажа зградата каде некогаш работела. Се возевме низ соседството каде таа и нејзиниот сопруг живееле, кога се венчале. Во еден момент ме замоли да застанам на еден агол. Седеше и гледаше во далечина, без да каже збор. Откако се појави првиот зрак од сонцето, ми рече дека е изморена и дека можеме да одиме. Во тишина се возевме до адресата која ми ја даде. Пристигнавме. И ја дадов торбата и ја одведов до вратата. ’Колку ви должам‘ ме праша. ’Ништо‘ и одговорив. ’Но од нешто мора да живеете‘ инсистираше. ’Има и други патници‘ само додадов. Без размислување ја прегрнав. ’ Усреќивте една старица на момент. Ви благодарам‘. Ја стиснав за рака и заминав. Зад мене се затвори врата. Звучеше како да се затвора еден живот.

Во таа смена не земав ниту еден патник. Бесцелно возев, изгубен во мислите. Остатокот од денот едвај можев да говорам. Што ако по таа стара жена дојдеше лут таксист или некој кој нема трпение? Што ако го одбиев тој повик? Ми поминуваа секакви мисли. Но едно заклучив. Дефинитивно никогаш во животот не сум направил поважна работа!“