[МНР еМакедонија] Известувања

Day 1,753, 16:24 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Почитувани сограѓани

Зад нас оставивме претежно мирен месец, во кој главна цел ни беше задржувањето на 9те ресурси, која ја постигнавме. Во полето во кое се засегнати воените случувања, главен печат имаше натпреварот на алијансите, во кој убедливо победи EDEN, а нашиот привремено оформен сојуз FoE заврши на третото место, по критериумот за направена штета. Беше одржуван активен контакт со нашите соседи, пријатели и сојузници, но и со нашите непријатели, со кои сепак може да се соработува со цел да се постигне заеднички интерес. Во глобала, немаше особено важни случувања на полето на дипломатијата, такви кои би го засегнале целиот е-свет. еМакедонија останува верен пријател и сојузник на нејзините досегашни пријатели, и е отворена за нови пријателства со оглед на секоја промена на околностите.

Продолжување на НАПот со еГрција
Земајќи ги во предвид околностите на Балканскиот полуостров и неодамнешните воени случувања на овој простор, во интерес на двете страни, беше продолжен НАПот со нашиот јужен сосед еГрција. Условите во договорот остануваат исти, се работи за забрана за директна војна, а нема ограничувања за помош преку МПП војните. Договорот важи до 7 октомври 00.00 ерепублик време. Сметаме дека продолжувањето на овој договор ќе помогне во остварување на идните цели на еМакедонија за месецов.

МПП со еПолска
И месецов продолжуваме со иницијативата за подобрување на односите помеѓу еМакедонија и еПолска. Беа воспоставени контакти со нивната нова владина гарнитура, и беше договорено продолжување на воената соработка преку МПП, како и подобрување на заедничките односи, кои сеуште се кревки.

Планирано е потпишување на МПП со еШпанија и еЈапонија, како и навремено обновување на сите пактови. Во однос на координацијата на надворешната политика и воените планови на еМакедонија месецов, имаме воспоставено соработка помеѓу внатрешните структури на нашата влада. Ве замолуваме за трпение со цел да можеме да ги разгледаме сите опции и да одбереме најдобар и најпросперитетен пат по кој ќе ја водиме еМакедонија во месецов што следи. Потребни се внимателни и испланирани потези, и контакти со повеќе земји, и затоа ве молиме за разбирање и поддршка, со цел да ја однесеме еМакедонија до успехот со најмалку ризици.

Тимот кој месецов ќе работи во областа на надворешната политика на еМакедонија е: Princess Emily, DarkoDimovski1, и Makedonija ne FYROM како заменик Министер.
Вашата помош е добредојдена, па затоа, за секое прашање, предлог или забелешка, или пак доколку имате познаници од друга е-држава, ве молиме обратете ни се по приватна порака, или добредојдени сте на официјалниот канал на МНР: #emkd-mofa на rizon.



Со почит,
МНР Македонија