Предлог за реформи / државна армија

Day 1,665, 15:59 Published in North Macedonia North Macedonia by Aproximus
Најпрвин добра вечер на сите, оваа статија е во врска со новиот модул кој денес ни го претставија админите, па затоа ќе ве замолам за внимателно да го прочитате мојот предлог, а исто така да ја шаутирате и гласате статијата со цел да ја видат повеќе луѓе.


За оние кои не сте запознаени со новите промени и како истите се однусваат на досегашната игра ви препорачувам да ја прочитате статијата на BugsMoney


Како што можете да видите од денес сме поделени по дивизии, па за да добиеме една битка, зависи од исходот на другите 4 мини битки. Самото ова доведува до дополнително комплицирање на работата на МОД тимот а и поделби во самите МУ.

Мојот предлог е да се формираат 4 нови МУ во која секоја МУ ќе има регимент составен од играчи на само една од старите МУ. Малку е збунвачки, знам, меѓутоа се надевам дека од наредниве слики ќе стане појасно.







( истото важи за сите досегашни МУ, а воедно и за 4та дивизија, да објаснам да не дојде до забуни 😃 )


Како што гледате, капетан на секој регимент, е член на таа единица. Ова е со цел да не дојде до ( безсмислени ) бунења од типот „ зошто мене да ми кажува што да правам член од друга единица “.

Командирите пак на овие нови 4 МУ ќе бидат луѓе од МОД тимот кои ќе ги одредат претседателот и МОД тимот.

Во МОД тимот ќе учествува по еден претставник од секоја единица. Ова е поради тоа што новите промени ќе бараат многу поголема активност и многу повеќе членови, а исто така за секоја од досегашните МУ ( идните регименти ) да биде еднаква.


Овој предлог верувам дека ќе ја упрости работата на МОД тимот, на досегашните МУ единици ( не ќе мора да ги делат своите членови, по различни канали, и за секоја да пазат кој левел бил, колку тенкови требало да добие, кога и каде требало да удри ), а исто така конечно ќе имаме „државна армија“.

Во врска со рефундот, не сум сигурен како ќе оди од сега, но денешното делење по 8 тенка на удар според мене беше солидно. Врз тоа го базирам и следниот рефунд предлог. Членовите на досегашните МУ ќе си работат во фабриките на досегашните нивни МУ, за кој ќе добиваат загаранитран дневен рефунд од 4-5 q6 тенкови. Остатокот од прозиведените тенкови ќе се испраќаат кај МОД тимот, кои подоцна ќе се користат за делење на ударите. Додека МОД тимот ( државата ) ги покрива нивните трошоци за RAW материјали.

Со ова се елиминира какво и да е досегашно профитерство на оние кои поседуваа тенкари во МУ. Додека трошоците кои до сега одеа за рефунд на единиците, можат да се инвестираат во унапредување на q5 тенкарите во q6 ( кај оние регименти кои сеуште користеле q5 тенкари ) ; можат да се инвестираат во 24/7 канал за делење на тенкови на странци, кои ќе маваат во нашите битки ; можат да се инвестираат за унапредување на првите два тренинг центри на членовите кои сеуште ги немаат унапредено ( најпрво во q2 а потоа и во q3 ), со ова би се елиминирала секаква стагнација на послабите играчи во однос на оние финансиски постабилните.

Со цел оваа идеја да се оствари, треба секој од играчите да размислува несебично, а може да резултира со ( за прв пат после долго време ) поголема забава кај играчите 😛


Очекувам ваши мислења во коментар, и повторно ќе ве замолам да ја гласате и шаутирате статија, со цел што повеќе луѓе да ја видат. o7