[МНР] Од противници, до сојузници - еМакедонија и еБугарија

Day 1,628, 09:53 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Почитувани

Пред речиси месец дена МНР издаде статија во која ја изразивме нашата намера да го зацврстиме новонастанатото сојузништво со еБугарија а последната статија на МНР во мандатот на Претседателот ScymeX ја посветуваме на односите и цврстата соработката меѓу еМакедонија и еБугарија.

Најстарите македонски играчи и еБугарија заеднички се бореа против исти непријатели но проблемите започнаа кога еМакедонија беше додадена на мапата. еБугарија, тогаш членка на Феникс и без ресурси очајнички се обидуваше да ја зајакне својата економија и да ја задржи својата популација поради прилично монотониот начин на играње без сопствени војни па решение најде во Источна еМакедонија, регион богат со камен а младата еМакедонија предводена од старите македонски играчи сакаше да се приклучи кон истата алијанса.

Иако од двете страни се водеа преговори, сепак заедничко решение не беше најдено. Сите земји-членки на Феникс освен еБугарија дадоа поддршка за влез на еМакедонија во сојузот со што еБугарија излезе од сојузот и се насочи кон противничкиот ЕДЕН. Набрзо, меѓу двете земји се случи и очекуваната војна иако и од двете страни имаше обид да се спречи истата особено од бугарски играчи кои не сакаа војна во еМакедонија.
Од тогаш, секаква можност за мир беше неуспешна пред се од разните провокации и тролања меѓу играчите од двете страни.

Да напомениме, младата еМакедонија прва ја нападна еБугарија со цел да и помогни на еТурција која водеше тешки војни со еГрција и еБугарија но еТурција почна да бојкотира па долго време беше под окупација а еМакедонија беше избришана. Во натамошен период следеа уште неколку пинг-понг војни и бурни медиумски борби.

После повеќе од година дена, поради преминувањето на еТурција во ТЕДЕН алијансата, еБугарија повторно излегува од сојуз и се насочува против тогашните свои сојузници кои безрезервно ја поддржаа еТурција. Тоа доведе еБугарија да се ориентира кон некои свои поранешни сојузници и противници. Се случи она што повеќето македонци и бугари го сметаа за невозможно, еМакедонија и еБугарија потпишаа МПП и станаа она што требаше да бидат пред некоја година - СОЈУЗНИЦИ!

Двете земји ги поставија темелите на своето сојузништво, играчите од двете страни се повеќе стекнуваа доверба меѓусебе, речиси ги снема навредите и провокациите меѓу истите. Односите меѓу двете земји дополнително се зацврстија откако еМакедонија активно се вклучи во бугарските војни против еТурција а еБугарија во македонските војни против еГрција.

Да се потсетиме, еМакедонија пред неколку дена ја нападна еТурција со цел да и помогне на еБугарија полесно да го избрише од мапа нашиот заеднички противник.

Денес, еМакедонија и еБугарија се сојузници за пример, слика за тоа што ќе сме биле пред некоја година доколку не постоеле разликите меѓу двете страни. Тие разлики сега се надминати, нашето сојузништво е за секоја почит. Иако еБугарија не е официјално во ОНЕ, нејзината армија речиси е секогаш присутна во македонските битки а истите се секогаш ставени за приоритет. Истото е и со еМакедонија. И покрај тешките битки со кои се соочува и помошта која ја пружа на нејзините ОНЕ сојузници, еМакедонија секогаш наоѓа време и простор да и помогне на еБугарија. Македонскиот МоД многупати организираше колективен удар во бугарските битки.

Ја користиме оваа прилика да од името на Претседателот ScymeX, Владата на еМакедонија и македонските играчи им се заблагодариме на еБугарија и нејзините граѓани за сета поддршка која ни ја пружија досега.

еМакедонија е горда што има ваков сојузник а македонците никогаш не забораваат и умеат да вратат многу повеќе од она што го добиле што е многупати докажано на дело. Иако и од двете страни има поединци кои никогаш нема да ја прифатат нашата соработка и кои на секој можен начин ќе се трудат да саботираат, повеќето ги заборавивме разликите, докажавме дека имаме цврсто сојузништво, дека заедно можеме да им парираме на нашите непријатели еТурција и еГрција.
Владините претставници на двете земји се во редовна комуникација од сам почеток од која се вроди прекрасна соработка на воено поле која во повеќето случаи заврши успешно било за еМакедонија, било за еБугарија.

Од силни противници до силни сојузници. Тоа се еМакедонија и еБугарија, се пишува новата еИсторија на двете земји.

ДА ПРЦАМЕ ЗАЕДНО!
HAIL!



Со Почит
МНР Македонија
Автор: PhoenixMK