[МНР] За соработката меѓу еМакедонија и еБугарија

Day 1,602, 11:16 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Почитувани,

Веќе извесно време сме сведоци на некои случувања за кои порано мислевме дека се невозможни, смешни или обичен “чаршиски” муабет.

Неодамна започнавме да пишуваме нова еИсторија со земја која од самото доаѓање на еМакедонија во Новиот Свет беше нејзин противник.
На големо изненадување на сите кои активно ја играат оваа игра, се случи буквално тоа што пред повеќе од една година, во ерата на Phoenix алијансата беше осудено на неуспех. еМакедонија и еБугарија потпишаа договор за меѓусебна соработка и станаа сојузници.

Се има своја почетна точка, така и пријателството меѓу еМакедонија и еБугарија во оваа игра. Секој почеток е тежок, затоа треба да ги игнорираме сите оние кои ќе се обидат со своите провокации и говори на омраза да наштетат на нашата засега кратка, но моќна соработка. Факт е дека и од двете страни постојат поединци кои никогаш нема да ја прифатат Македонско-Бугарската соработка, но со тек на време ќе се навикнеме и ќе ги игнорираме.

Уште на самиот почеток двете земји започнаа плодна соработка, соработка која стана синоним за успех и трн во око на многумина.Двете земји докажаа дека минатото и разликите во играва не се непремостливи бариери. Покажавме дека меѓусебните навреди во играва на македонски и бугарски играчи не се посилни од волјата и заедничката цел која двете земји ја имаат во моментов.
Најновите случувања доведоа едни од најсилните армии во Новиот Свет да удрат заеднички против нивни поранешни сојузници, оние кои ни забија нож во грб.

Можеби и се во право оние кои плукаат и се плашат бидејки еМакедонија и еБугарија во комбо рушат се пред себе. Довербата меѓу македонските и бугарските играчи секојдневно расте, а со тоа пријателството помеѓу двата народи истовремено се продлабочува.
Сега комуникацијата со Бугарија ни е на најзавидно ниво и треба да претставува пример за понатамошните случувања на политичка сцена, како за еМакедонија и еБугарија, така и за преостанатите држави во еСветот.

еМакедонија и еБугарија веќе неколку недели водат тешки и неизвесни војни со еГрција и еТурција но благодарение на нашата секојдневна координација, на заедничкиот удар на нашите армии како и од посветеноста на нашите министери за одбрана, противниците наши секогаш завршуваат со наведната глава.

Најважното е тоа што испративме јасна порака до нашите заеднички противници дека ЌЕ ГИ МАЧКАМЕ...модерно кажано ПРЦАМЕ! 😃

ПРЕДАВНИЦИТЕ НЕ СМЕАТ ДА ПОМИНАТ НЕКАЗНЕТО!
Со Почит
МНР Македонија
Автори: PhoenixMK, BucephalusIII & PrincessEmily