[МНР Македонија] Отчет за работата на министерството

Day 1,598, 07:48 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija

Почитувани,

Пред триесеттина дена во воведното соопштение на МНР напишавме дека ќе ве очекува мошне интересен и активен период и веруваме дека успеавме да Ви го овозможиме тоа.

Речиси сите задачи кои МНР ги поставивме како обврска се остварија, дури и повеќе од она што реално очекувавме. Клуч на успехот во работата на ова министерство изминатиов месец беше апсолутната координација меѓу нас со останатите министри и претседателскиот оддел како и распределбата на товарот што го носи дипломатската функција меѓу самите министри со области на делување. Бидејќи дипломатијата не толерира неактивност и неангажираност, составот на МНР за март/април броеше рекорден број на министри кои се искусни луѓе во дипломатијата и пред се одлични во комуникацијата и новинарството .

Целите на МНР беа:
1. Примарна цел : ослободување на Шпанија и помагање на сојузници а не постојаното бркање на ресурси;
2. Сојузништво меѓу Македонија и еБугарија;
3. Зголемена координација меѓу Македонија, раководството на ОНЕ и земјите-членки;
4. Зајакнување на нашите сојузништва и поголема ангажираност на Македонија и нејзините сојузници на бојното поле и
5. Воспоставување на дипломатски односи со други земји.
1. Благодарение на извонредната соработка што ја имавме со српското раководство успеавме преку еАлбанија да стигнеме до граница со Италија и да ја нападнеме преку Апулија. Не следеа можеби најтешките и неизвесни битки што некогаш ги водела еМакедонија но успеавме да стигнеме до Сардинија. Како никогаш досега, Македонија и Србија заедно продираа на Апенините, Србите завојуваа со Французите а ние го нападнавме еБразил. Со нашите брзи прсти за кревање востанија и шпанската соработка во истите, лесно го избркавме еБразил од еШпанија и се вративме назад во борба со нашите стари “добри” јужни соседи.
Особено сме горди на фактот што после овој наш поход македонско-шпанската соработка е поголема од кога било а македонците и шпанците никогаш не биле поблиски и пријателски настроени меѓу себе како што се сега. Дури и оние кои порано не тролаа ни симнаа капа а некои од нив зедоа и македонско државјанство.

2. На големо изненадување на сите кои активно ја играат оваа игра, се случи буквално тоа што пред повеќе од една година во ерата на Phoenix алијансата беше осудено на неуспех, еМакедонија и еБугарија потпишаа договор за меѓусебна соработка и станаа сојузници. Иако на почетокот се случи инцидент со потпишувањата на МПП-ата сепак тоа не ја уби довербата меѓу ОНЕ и еБугарија и благодарение на заложбата на еБугарија се потпишаа истите. Остваривме мошне плодна и успешна соработка, имавме организирано заеднички удар и секојдневно комунициравме и се координиравме со бугарското раководство. Иако меѓу нашите играчи постоеја и сеуште постојат разлики, сепак и двете страни докажаа дека минатото и разликите во играва не се непремостливи бариери.

3. Македонија уште од почетокот на мандатот беше најактивната земја-членка на ОНЕ и единствената која имаше успешни воени остварувања и истиот тој тренд го зачувавме до денес. еМакедонија буквално ја раздрма заспаната алијанса, ја освежи и и внесе оптимизам и надеж дека не е се готово со ОНЕ. Пофалби за нашата активност добивме дури и од противнички земји со зборовите дека повторно ја вративме забавата во играва која во изминатите неколку месеци беше мошне монотона за сите па и за нив иако дотогаш доминираа на секое можно поле. еМакедонија имаше постојани членови на главните ОНЕ ирц канали а министри редовно учествуваа на состаноците а се избраа и нови Амбасадори.

4. На самиот старт креиравме документ кој ги содржеше членовите на македонската еВлада и го испративме до сите Претседатели на земјите со кои имавме важечки МПП-а но и до еХрватска, еБугарија, еЧиле, еЈужна Кореја, еАвстралија и на крај до еЈужните соседи.
Пристапивме и кон пишување на мотивирачки статии кои се покажаа успешни.
Со исклучок на изолирани конфликти со еСловенија, еШвајцарија и еПолска, речиси се беше во најдобар ред. Македонската и српската армија делуваа како една уникатна армија преку организираните заеднички удари, безусловно помагавме на сите наши сојузници од Црна Гора па се до Мексико и беше забележано значително зголемена присутност на алијансата во наши битки бидејки редовно истите беа поставувани за приоритетни.

5. МНР активно се залагаше да воспостави комуникација и со неколку неутрални земји во однос на еМакедонија, особено еЧиле која беше членка на Terra и со еАвстралија која излезе од ЕДЕН и официјално стана неутрална. Со еЧиле ја продолживме воспоставената дипломатска комуникација и им доставивме барање за отварање на амбасада уште пред да излезат од Terra но поради двоумење ја отфрлија можноста за отварање на амбасади. По нивното излегување од алијансата дојдоа кај нас на канал и непосредно после тоа потпишавме МПП. Можеби единствен неуспех кои би си го препишале во мандатов е одбивањето на еАвстралија за било каква комуникација со нас. Иако на поглед “неутрални”, сепак според однесувањето на нивниот Претседател и од наш разговор со индонезискиот МоФА испадна дека тие се прикриено про-ЕДЕН земја со што веќе не се ни обидовме да ги контактираме.


На крај, би сакале да Ви се заблагодариме за Вашата доверба во нас како тим и ја оценивте нашата работа со највисока оценка 5 на спроведената анкета на Министерството за информирање. Се трудевме да ги оствариме сите цели кои ги зацртавме а притоа да ја следиме волјата на мнозинството и да делувавме според тоа. Иако многумина од Вас сакавте да се населиме на некој од американските континенти а имаше и многу размислувања на таа тема претходно и кај нас уште пред да се нападне Бразил, сепак бевме спречени поради многубројните отворени фронтови но и решеноста да се сконцентрираме на сојузништвото со еБугарија, бришење на нашиот јужен сосед и одмаздата кон еТурција а со тоа да добиеме и бонуси и повеќе средства кои ни беа неопходни бидејки немавме донации речиси 30 дена а водевме тешки битки. За другото уште има можност.

Особена благодарност за укажаната доверба упатуваме до нашиот сакан и почитуван шеф Aexil Kong. Благодариме што ни ги овозможи можеби најинтересните и најамбициозни 30 дена во играва како и за неповторливата дружба која придонесе многумина повторно да ја засакат играва, особено оние кои се еПензионери или важеа за тоа (како јас) 😃 Ни беше чест да ПРЦаме заедно со тебе. \o/

Friends of eMacedonia, THANK YOU for the wonderful 30 days. You were outstanding. \o/

Со Почит
МНР Македонија
PhoenixMK
BucephaulusIII, Andrej.M, Voix of Macedonia, AlexSkopje, Strumjanin и нашата сестра Princess Emily