Македонски Национален Фронт се врати !!!

Day 1,581, 06:17 Published in North Macedonia North Macedonia by Makedonija Do Indija




Здраво Македонијо ! Здраво Миср ! Здраво ооо Индијо земљо Македонска, поздрављавам те !

Драги браќа, драги сестри, со гордост и големо задоволство можам да ви соопштам дека политичката партија Македонски Национален Фронт се врати.




МНФ е првата Македонска опозициска партија, која се бореше против тоагашниот џин на Македонската политика ОеМ.

Своето постоење МНФ го оставари на 16.01.2011 година на чело со Васил Чакаларов.

Основоположник на партијата е самиот Чакаларов со Македонија До Индија и Македонец МКД.

Партијата МНФ за многу кратко време од 30-40 членови дојде до цифрата од 200 членови, за потоа да дојдеме до 500 члена што се должеше на конкретната програма и новиот елан кој го воведе во Македонија.

По окупацијата на Македонија од страна на Бугарија, МНФ беше превземена од Бугарскиот окупатор.

Повторното враќање го имавне на 16.02.2011 каде на изборите против оем освоиме 6 конгрес места.

Веќе следниот месец, во Март, освоивме 10 конгрес места.

Во месец Април, благодарение на вредната работа на раководството на МНФ, ги победивме ОеМ во директен дуел на ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ избори, каде за прв пат ОеМ загуби од МНФ.

Во наредните месеци, МНФ никогаш немаше под 9 конгрес места во Македонското собрание.

Во месец Мај, МНФ за прв пат ја победува ОеМ на конгрес изборите. Тогашен претседател е Ацко Велес, кој моментално ја води братската партија еВмро-Дпмне. Тој со 16 конгрес места ја победува ОеМ.

Во месец јули, Дуданмкд дојди на претстолот на МНФ. Тој се реши да ја спои МНФ со тогашната МНМ раководена од Бране. Само да ги потсетам Македонските граѓани, Бранислав беше догломесечен член на МНФ, но на негова воља ја напушти партијата, и повлече членство од неа и ја формираше МНМ. Ова значеше формирање на сегашната ЗПеМ.

Токму во овој месец, јули, МНФ прекина да постои по кривица на овие двајца членови Дудан и Бране.

И двајцата беа во раководството на МНФ и беа добри кадри. Но се решија на таков чекор и ја умртвија МНФ.

На ден 16.03.2012 МНФ е повторно вратена во живот.

Ја користам оваа прилика, да ги повикам сите симпатизери на МНФ кои се раселени низ другите Македонски партии, да се вратат во својата матична партија, и за неколку месеци да бидеме во топ 3 Македонски партии како некогаш.

Ги повикувам и сите Македонски граѓани, кои се за обновување на Македонската империја, да се приклучат кон МНФ и со заеднички напори да го оствариме дво милениумскиот сон.

Во наредните денови, МНФ ќе излезе со детална програма со која ќе се разликува од сегашните партии и ќе работи за интересите на својот народ.

Линкот од Партијата

http://www.erepublik.com/en/party/makedonski-nacionalen-front-3702/1



ДА ЖИВЕЕ МНФ !
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА !