[ Индија ] Се има свој почеток, и свој крај !!!

Day 1,426, 16:59 Published in North Macedonia North Macedonia by Makedonija Do Indija



Се има свој почеток, и свој крај.

Алијансата Феникс, се распадна пред да влеземе. Нашето полноправно членство, го попречуваше Бугарија.

Незамисливо за тој период, беше Србија и Полска да направат МПП. НЕЗАМИСЛИВО.

Епа, токму од тоа НЕЗАМИСЛИВО, се изроди ОНЕ. Полска, Србија, Шпанија и Маџарска беа основоположниците на новата алијанса ОНЕ.

ОНЕ доминира од времето на своето постоење, се до ден денес. Не ми е јасно, како на некои луѓе не и е разбирливо, дека ништо создадено од човекот неможе да функционира перфектно. НИШТО.

Кавги најпрвично на релација Шпанија-Турција. Шпанија, како членка на ОНЕ, ги вложува сите свои напори за да ја изостави Турција од полноправно членство. Веќе тука беше јасно дека Турците станаа ранливи по ова прашање. Веќе тука стана јасно дека Турција го нема истиот елан за докажување пред ,,4-тирите столбови на Алијансата,, . Веќе тука стана јасно, дека Турција ,, се олади ,, кон ОНЕ претензиите.

Зошто Шпанците ги блокираа. Затоа што се Муслимани. So simple as that.

Е сега како ИНЧИ се надоврзува на приказнава. Момците од ИНЧИ се апсолутно мастери за матење на водата, со цел работите да ги доведат до своја лична корист.

98 проценти од нивноти членство се етнички Турци. Вешто ја искористија таа фактичка поставеност на работите, и уште по вешто го искористија, она кое што можеби највеќе го поврзува народот. Верата.

Гласањето за Косово. Турците 90 проценти гласаа ЗА НЕЗАВИСНА ДРЖАВА. Зошто и како, не навлегувам.

Ете причина за нова кавга, овојпат Србија - Турција. Едните одат со парола ,, FREE KURDISTAN,, другите со парола ,, FREE KOSOVO ,,. Но, и двете страни ( читај напалени малолетници што од политика,историја и гео-политика знаат само дека нивните држави се НАЈАКИ ВО СВЕТ ) забораваат како до вчера гинеле заедно на бојното поле. И двете страни забораваат како до вчера БИЛЕ НЕРАЗДЕЛНИ ПРИЈАТЕЛИ, НЕРАЗДЕЛНИ БРАЌА.

Романија гласа 85 посто за КОСОВО КАКО РЕГИОН НА СРБИЈА.

Според мое лично мислење, овој факт ќе биде нова фаза во ЕРЕПУБЛИК.

Романците ги придобија симпатиите кај мнозинството Срби. Секој народ, на својата најболна точка, го проценува својот пријател/непријател. Романците одиграа вешто.

Вака поставени работите, мене ми мирисаат на две можни развојни фази.
Или ќе има нов сојуз, или ќе дојде до претопување на алијансите, на менување на дресовите. Како и да е, времето ќе покаже.

Како јагода на врвот на тортата, бришењето на Шпанија. Шпанците се погневни на ОНЕ од било кога.

Турците, најверојатно попуштија и се преориентираа кон РЛ политиката. Да не коментирам на долго и на широко, кој знае знае.

Главното прашање останува, КАДЕ Е МАКЕДОНИЈА ВО СЕТО ОВА ?

Ние, Македонците, треба да ги гледаме нашите интереси. Некои излегуваат со теза, дека мора да бираме помеѓу Турција и Србија. Ги прашувам сите нив, зошто ?

Дали сме до толку зависни од едната или другата страна ?

Не. Србија и Турција имаат највеќе направено за Македонија, на воен план.
Јас тоа никогаш неможам да го заборам.

Апелирам до сите Македонци, да не завземаат страна во таа кавга. Доста гиневме за туѓи агенди, време е да си ги гледаме нашите интереси.

И, за на крај, сите оние што се обидуваат преку Верата да го поделат народот, не се верници, тие се МАНИПУЛАТОРИ, запеметете го тоа еднаш. ИНЧИ на голема го продава својот национализам во Турција, Турскиот народ пополека го купува.

Изгледа за некое време, играва ќе биде индиго-копија на реалниот свет.