[ Индија ] Македонија Потпиша Капитулација!!!

Day 1,370, 12:46 Published in North Macedonia North Macedonia by Makedonija Do Indija


Точка 1 - Ненапаѓање на Кипар и Израел од наша страна .
-Значи нема да ги нападнеме Кипар и Израел, но во случај тие НАС да не нападнат слободно можеме да го возвратиме ударот и да ги избришиме од мапа . Овој дел нас ни значеше бидејќи ќе немаме дополнителни востанија кои ќе ни пречат.


И што ? Прво и основно, ја незнам кој во Македонија помислил некогаш да го напдне Израел. И децата мали знаат, дека Израел го брани ПеџаТ. Кипар треба и мора да се нападне. Ни направи голема штета, и мора да биде казнет. Кипар има 1 ресурса кој ние ги немаме, тоа е риба. Очигледно преговарачкиот тим на фрците им враќа услуга на инчи, односно ги спасува 2та послаби потенцијални противника на Македонија. Договорот вели цитирам : ,,но во случај тие НАС да не нападнат слободно можеме да го возвратиме ударот и да ги избришиме од мапа . ,,

Поглупо дефинирано и непросмислено од една ваква потточка да ја наречам не сум видел. Значи ние не смееме да ги напаѓаме, али ако они се решат да нападнат, ние можеме... Па најдете бре тука нзс, читајте меѓу редови. Тоа значи дека овие 2 земји нема да не нападнат се додека тоа не и одговара на фрција. Ако фрците наредат надап, рачунајте 3 земји во исто време пуштаат НЕ, затоа што и се должници на фрција им донела мир... И оваа точка е неверојатно некоректна,контадикторна и ја вреѓа интелигенцијата на секој еден што по малку мисли... Па боже, господе што има да се мешаат други држави во еден договор помеѓу Македонија и фрција. Нели тој договор треба да важи само за овие 2 држави, и од каде правото на фрците да вметнат една ваква потточка, и од каде правото на нашиот преговарачки тим да ја прифати ? Ова е дефинитивно гол со маказици за фрците. 1-0 за нив.

Точка 2 - Отстапка на региони на Грција.

Значи договорено е да им се отстапат 3(три) региони на Грција , тоа се : Lower Egypt, Western Desert и Eastern Macedonia . Беше побаран и Middle Egypt но ние од стратешки причини го заменавме со Источна Македонија за да бидеме сигурни дека нема да имаме војна со Бугарија, која сигурно би не нападнала по мирот склучен со Турција. Значи Грција добива ресурс, ние добиваме тампон зона меѓу нас и Бугарија, плус ги задржуваме говедата како ресурс во Middle Egypt.


ауу,,,леле,,брејјј,,, Ова се вика ,,Бугарски Порнич,,.
Па добро бе абдали едни, дали вие знаете кога се даваат територии на противник ? И зашто да му се дадат региони на нашиот душман ?
Прво, давање 2 територии од Египет, во општо не е фер плеј од нас. Му натупнуваме на Египет уште еден окупатор. Фрците им прават услуга на 2 земји Израел и Кипар, ние на наш сојузник му правиме штета. Источна Македонија сте ја дале, затоа што фрците немаат Крава ресурс. Е затоа сте ја дале. Не ми прајте мене филмови ,,тампон зона, маџарска нема море а има морнарица,,. Глупости глупости глупости.

Територија не се дава, зашто нема суштина за тоа во моментов. Да сме ја окупирале фрција, па да дадеш региони да те сватам, али кога земјата е цела, да и даваш дел од наши провинции, тоа е далеку од паметот. Ова е гол меѓу нозе, се рачуна 2. До сеа резултатот е 3-0 за фрција.


Точка 3 - Времетраење на договорот.

Договорот ќе трае до 5-ти Септември, со тенденција да се продолжи уште за еден месец бидејќи треба новата влада да се согласи со договорот (и нашата и нивната) а бидејќи ништо не се губи со договоров мој совет е да се продолжи .



Кепенци бе мајсторе, како ништо не се губи. И каков е тој договор за 10 дена, што ќе постигне Македонија ако 10 дена не се бори со фрците ? Ќе зајакне економски, ќе зајакне воено што ? Која е целта, јас стварно незнам за еден таков договор.

Очигледно, нашиот тим за преговарање бил спремен на се само да се потпише капитулација на Македонија. Ова така го разбирам. Од фрците сме појаки 1000000 пати, ова е шлаканица од Владата за Шиме, Аексил, Пеџа и сите наши тенкаши. Кој ќе им каже сега на нив, дека парите што ги вложиле во играта се залудно дадени, дека нивниот труд никој не го цени, дека ова е фала за нив. Уште еден гол меѓу нозе, 5-0 за фрците.

Јас незнам со кое право без знаење на народот се постигнал ваков мир. Јас можам да ги уверам сите Македонци, дека не дошол фркот да преговара со нас, туку било обратно. Тоа го заклучувам од проста причина, што претседателот не е мало дете, и знае дека ако пушти референдум, ќе има само 2ца кои ќе бидат за. Ова е толку лош договор за мир, што е штетен за Македонија. Изиграни сме како Реал од Барса, надмудрени сме како Бранко од Никола. Ова е голем пораз за Македонија.

Ревидирајте го договорот, исфлете ги кипар и израел од него заедно со давањето на територии. Ако сакаат фрците како што викате вие, мир со нас, има многууууу други начини за гарантирање на мирот , каков што е начинот со пари... Не се прајте улави и не го сметајте народот за говедо и дека може да го лажете многу лесно. Опрајте се, или раскинете го мирот, или ревидирајте го... За 10 дена, нит Македонија ќе стане Прва сила, ни фрција... Тоа е тоа, 5-0 за фрците уште на старт.

[ Индија ] Македонија Потпиша Капитулација!!!
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1847013/1/20