Апел за браќата Николовски - тумор и леукемија

Day 1,340, 18:28 Published in North Macedonia North Macedonia by vlatkosapun

Да напоменам од старт, не сакам претплати не сакам воте, само ве молам пренесувајте ја статијава, и кој е во можност нека донира, ширете ја кај што можете, на играва по форуми по сајтови. итно им е потребна помош!

Детето НИКОЛОВСКИ ДИМИТАР, родено на 21.01.1999 година во Скопје, боледува од тумор на мозокот (Dg. Tu cerebri–Epi) и има секојдневни епилептични напади. Димитар еднаш е опериран во Љубљана пред 6 години, но здравствената состојба не му се подобри. Сега се предлага уште еден оперативен зафат, во Турција, кај светски познатиот детски неурохирург Dr. Memet Ozek.
Помалиот брат на Димитар, ФИЛИП НИКОЛОВСКИ, роден на 02.03.2005 година во Скопје, и е на возраст од шест години, боледува од леукемија, и тој се наоѓа на Детската Клиника во Скопје, на одделението за хематоонкологија, и прима цитостатска терапија. Лекувањето на Филип ке се одвива во Скопје, но лекувањето на Димитар потребно е да се изведе во Турција во болницата ACIBADEM. Цената на операцијата во Турција изнесува 30.000 долари.
Отворени се и телефонски броеви за донации: за Филип 070/143-114, и за Димитар 070/143-115 на кои што со едно јавување се донираат 100 денари.
Во име на целото семејство Николовски, најискрено и најдлабоко ги замолуваме сите хуманитарни луѓе, доколку сте во можност да донирате парични средства на жиро сметка 300007088792725 од Комерцијална Банка за хуманитарна цел. Средствата ке бидат искористени за собирање на потребната сума на пари за операцијата на Димитар во Турција.
Однапред, на сите вас, многу ќе ви бидеме благодарни.
Со почит до сите вас, семејство Николовски.
Контакт телефон 070/ 305-915


уште еднаш ке кажам потребен е само shout ништо повеќе. Да прочитаат колку што може повеќе луѓе, некој ќе биде хуман и ќе помогне.