[Аминта] Прво Претседателско обраќање

Day 1,325, 03:46 Published in North Macedonia North Macedonia by Aminta Makedonecot


Прво претседателско обраќање

Поздрав браќа и сестри Македонци и шпиони wannabe Македонци.

Откако од вчера на пладне и официјално ми беше верифицира мандатот од Админите остатокот од денот го потрошив во интезивни разговори, состаноци и информативни дијалози со претходното раковоство, ново избраните Претседатели на пријателските па и непријателските земји и раководството на ОНЕ. Може да кажам имав доста напорен прв ден по кој полека ги превземам работите контактите и се информирам за состојбите во Македонија и еСветот.

На внатрешен план денес ќе го посветам цел ден на состаноци со Министерските тимови за нивна координација и информирање за што поскоро превземање на досегашната работа од нашите претходници и продолжување на неопходните работи за нормално функционирање на еМакедонија.



Ова е моментниот изглед на кабинетот кој можно е да претрпи одредени измени и рокади во претстојниот период (лето - одмори):
Министерство за Одбрана: Romb0
Министерство за Надворешни работи: MeDsLeinad
Министерство за Финансии: MakEmpire и Seleuk Nikator
Министерство за Информирање: MacedonianLegacy
Министерство за Здравство (Црвен Крст): Kirijana
Министерство за Образование: ColdWater, MAJMUN102 и MKDHero

Денес во 18 : 00 ќе свикам и состанок на Генералштаб на кој ги поканувам сите лидери на сите војски во Македонија да земат учество. Ќе биде испратена циркуларна ПП до лидерите за деталите околу тој состанок.

Исто така вечер ќе биде распишан и конкурс за Македонски Амбасадори кој под раководство на МОФА ќе бидат назначени најдоцна утре.


Се на се сумирано, очекувам ова да биде долг, жежок и напорен мандат што го почувствував уште од самиот почеток уште со кадровските потешкотии. Многу искусни и кадарни луѓе кои ги планирав за Министерствата поради годишни одмори или други обврски поврзани за летниов период оправдано неможат да издвојат време за да се вклучат. Очекувам и доста активни играчи да се релаксираат и повлечат привремено во овој период а тоа може да претставува проблем за кој ќе се трудам да најдам решение.

Од сите информации кои ги добив и сеуште ги добивам, ќе се судираме со многу предизвици на внатрешен а посебно на надворешен план во блиска идина. Затоа очекувам соработка, разбирање и активност од сите еМакедонци во претстојниов период за да што по безболно да го пребродиме “мртвиов“ летен период пред се на воен план.



Верба во Бог, Македонец до Гроб!
Аминта Македонецот
HAUG!