Покана за голем еРепублик бал и Кандидатура за Главатар

Day 1,321, 08:10 Published in North Macedonia North Macedonia by Aminta Makedonecot

Здраво на сите,

Бидејќи ова е веќе вториот обид/верзија на мојата Претседателска кандидатура (првата пред самото објавување под крајно несреќни околности ми отиде по вода 😁 ќе бидам краток и јасен овој пат "Keep it simple! " 🙂


1. Dream team - Тимот што победува не се менува
Ќе се потрудам да ги задржам оние луѓе кои и до сега добро си ја работеа својата работа и ќе додадам дополнителна свежа крв се со цел да остане стабилноста и напредокот на еМакедонија. Комплетниот состав на Кабинетот може да го погледнете на оваа статија.


2. Македонска војска
Сите војски на Македонија ќе бидат третирани еднакво и правчно.
Основен критериум ќе биде активноста, лојалноста и посветеноста спрема Македонија и следењето на наредбите на МОД за приоритетите на Македонија и сојузниците од ОНЕ


3.Отчет за финансиската работа
Ќе се трудам да ги направам достапни сите финансиски информации за сите оние кои ги интересираат истите. Не сакам да слушам повеќе шпекулации и препукувања кои прават само раздор меѓу Македонците за едни виртуелни пари.
Сите треба да разберат дека овие виртуелни пари никој од нас на крај од денот нема да си ги носи дома. Колку има средства во буџетот толку и ќе се трошат меѓу Македонците за одбрана на интересите на еМакедонија.


4.Стратегија
Ќе се обидам во консултации со поискусните играчи и минатите Претседатели во мојот мандат да составиме државна стратегија за идниот развој на еМакедонија со што ќе се олесни визијата за работата на идните Претседатели.



5. Единство и слога
Сите ќе бидат третирани еднакво и рамноправно. само со слога и единство Македонците стигнаа до оваа позоција - трета по ранк земја во еСветот и само со слога и единство ќе продолжиме по истиот пат до врвот.








Е сега идеме на главната најава и вест:
Пoсле голамата победа на изборите во која не се соменвам 😛 најавувам прва голема еРепублик журка во Скопје на 9ти Јули (сабота) со почеток од 21:00 па до фајронт - Претседателски бал на кој ќе присуствува целиот Претседателски кабинет 😉 - Журка во организација на МТО со DJ Max in the mix на која сте поканети сите еМакедонци од сите воени единици и цивили!
*возраста нека не ви е пречка да присуствувате 🙂



Доста беше играње виртуелен “еБал 🙂 - Маскембал под маски (аватари)“ одиме сега малце со РЖ журка и дружење во Скопје на ул.Македонија во кафе-барот Студио 54 - За тие што се најавија дека ќе дојдат од другите градови локацијата е едноставна за наоѓање - карши споменикот Шмизла сите ја знаат - бог да ја поживее, да не беше она многу деца сеуште ќе чекаа да пофатат нешто 🙂

Повелете на дружење, забава и запознавање - за девојчињата гратис коктели а за најсреќните ќе има и изненадување во организација на МТО 🙂

Поздрав - HAUG!
Идниот татко на е-нацијата - Главатарот “Бик што седи и остри томахавк“ has spoken! 😃
Shaut:
Голема еРепублик журка во Скопје!
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1813233/1/20