Официјална кандидатура за конгресмен

Day 1,306, 04:57 Published in North Macedonia North Macedonia by smexor1

Уште 7 дена до изборите и како и сите потенцијални конгресмени така и јас редно е да си ја напишеме својата статија за да покажеме на вас граѓаните на оваа еМакедонија дека сепак ова кандидирање за конгресот барем јас го сфаќам озбилно и не како некои да немаат толку време па ни една презентација објават.

Се надевам дека во следниве 6 дена ке се потрудам да ви покажам дека заслужувам да бидам конгресмен , сепак во 7миот ден по правило треба да е предизборен молк ама како што би кажале куде мене у Кумановo "све ме стра дека ќе има предизборан молк , а камоли па мирни избори , сви обеќав на почетак мирни избори дека нема да купуев гласови а још сга у магацини спремни тенкови". Да се вратиме на македонскиот литературен јазик зошто треба да ги почитуваме Мисирков и Конески хаха удара матурата сеуште 😃

Најпрвин да се претставам. Се викам Дарко имам 19 години , ПРЕживувам во надобриот град Куманово како и што приметивте во воведот , во градот , а и пошироко сум попознат како Smexor или Шмексор 🙂. Доста беше од РЖ да се вратиме на ВЖ (Виртуелниов) , значи не сакам да се фалам ама мислам дека сум еден од првите македонци во играва еве го мојот прв профил , како и што видите се регистрирав уште во далечата 2009та година но се изнервирав зошто тогаш Македонија не беше дел од оваа игра , а зошто сум патриот едноставно не сакав да бидам дел од еСрбија и ја баталив играва. Среќа , бејби бумовите ме вратија во играва па денешниот Smexor1 е роден на 8.01.2011 година , ја играм играва некои 6 месеци полн сум со искуство и сакам само да и помогнам на еМакедонија никако нема да и наштетам , а уште помалку пак се кандидирам поради некоја корист , тие 5 голд ќе бидат донирани на Народна Банка на Република Македонија или скратено НБРМ.

Единствено нешто што можам да ви ветам е дека нема ќе бидам многу претпазлив на кого ќе давам македонско државјанство сепак да си МАКЕДОНЕЦ Е ПРИВИЛЕГИЈА , во претходните статии јас бев оној којшто бараше начин што да се прави со Грков којшто доби државјанство од несовесен конгресмен не сакам да именувам иако веќе е спомнат во претходните статии така да вакви грешки понатаму НЕ СМЕЕ да има сепак да се даде на некого државјанство потребно е првин консултација со останатите членови на конгресот , па и да се провери каков е тој што бара македонско државјанство , да се прочитаат весниците , да се проверат пријателите , работниците во фирмите така да како и што реков имам искуство па ако би гласале за мене можете да бидете сигурни дека нема да се случат повеќе никакви испади барем не од моја страна.

И најбитното за крај, а тоа е дека се кандидрам во Саудијска Арабија во областа Ал Бахах , преку политичката партија Македонија на Македонците или скратено МнМ се надевам на добри избори и нека победи оној којшто треба да победи 😃.



Излези и гласај не дозволувај некој друг да го злоупотреби твоето гласачко право!

Ваш колпортер и новинар, Smexor