[ М Н Ф ] Прво Претседателско обраќање

Day 1,304, 11:28 Published in North Macedonia North Macedonia by Makedonija Do Indija






Добровечер Македонци !

Завршија изборите за претседател на партија. По втор пат станав претседател на најдемократсата партија во Македонија, Македонски Национал Фронт- МНФ.Во мојот прв мандат успеав да наметнам ново темпо на работа, одлична внатрепартиска организација со супер тим, со чија помош постигнавме одличен резултат на конгресменските избори, и легендарната победа на претседателските избори. Да им се заблагодарам на сите членови на МНФ кои го дадоа својот глас за мене. Ги убедувам и им ветувам дека МНФ повторно ќе се врати на старите патеки. Исто така, сакам да му се заблагодарам на целосното членство на МНФ за својата доверба во партијата за сето ова време. МНФ ЌЕ УСПЕЕ ВО СВОИТЕ НАМЕРИ ДА ГО ЗГОЛЕМИ ЧЛЕНСТВОТО!


Уште од утре, МНФ се зафаќа со работа. Во раководството ќе има проверени кадри, добро познати на Македонската јавност, кои ќе се залагаат и ќе помогнат идеите на МНФ да се имплементираат за една подобра Македонија. Во текот на утрешниот ден, ќе биде објавена статија, со целосниот план како ќе се движи МНФ во текот на мојот мандат.
Реалната ситуација и не е така сјајна за МНФ. Партијата моментално е на 4то место во Македонија. Нашето залагање, верувам дека ќе ја врати МНФ на втората позиција, како убедливо најголема опозициска партија.
МНФ ќе доживее преродба. МНФ ќе се врати на старите патеки. Тоа со сигурност го ветувам.


Ова прво претседателско обраќање, го користам исто така да упатам порака до нашата блиска и по идеологија и по кадар партија Македонија На Македонците-МНМ.


Драги браќа и сестри од МНМ, добро го следам случувањето во вашата партија. Искрено, сочуствувам со вас поради настанатата ситуација. Целиот ваш труд, целото ваше потрошено време, се сруши како кула од карти. Несакам никого да окривувам, или да оправдувам или најмалку да судам, но можам да ви порачам само едно.Вратите на МНФ се отворени за вас, добродејдени сте , и како членови во партијата и како членови во раководството. Добро го познавам вашето раководство, имате солидни кадри, веќе докажани, јас сум тука за соработка. ПОВЕЛЕТЕ ВО МНФ, да го зголемиме бројот на членови, и со заеднички сили и идеи да успееме во нашите намери. Како опозициски партии мораме да бидеме сплотени, и да не дозволиме да бидеме уништени. Уште еднаш, јавен апел до сите вистински членови на МНМ, прејдете во МНФ !

Секое добро, ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА, ДА ЖИВЕЕ МНФ !