[ПРЕТСЕДАТЕЛ]Отчет за сработената работа !

Day 1,263, 02:18 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добар ден народе \o/

Денес ќе заврши мојот мандат како претседател

Беше стварно убаво и интересно да се работи со луѓето од владата кој се искусни и да се соработува со земјите членки на сојузот ОНЕ.

Мислам дека овој месец направивме голем напредок, не само влада , туку ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ! о7
Најтешката дилема на влада а и воопшто на народот беше, [/b]Дали да се префрли главниот град во Италија или не ?[/b]
Знаевме што можеме да загубиме а што да добиеме.
Можевме да ја загубиме довербата кај народот посебно кај патриотите, а и да бидеме доста критикувани.
Но, сепак се решивме на таков ризичен потег.Решивме да не го објавуваме јавно поради бугарите кој постојано ги читаат нашите весници, а со
тоа може да се открие планот, и да не спречат.

Дадовме се од себе ,но ги загубивме битките во Источна и Софија.Планиравме да селиме колку што е можно повеќе луѓе и со паѓањето на Повардарие да се пресели главниот град, и да успееме да ја одрбраниме Западна Македонија.
Но тоа не се случи, и ја загубимевме и Западна Македонија.
Кога го преселивме главниот град во Умбрија, веќе Италија имаше предложено закон за Природен Непријател и тоа беше очекувано
Исто така и ние предложивме закон за Природен Непријател, но после неколку минути и Франција не предложи за Природен Непријател.Тоа беше стварно неочекувано и не знаевме како ќе се
справиме со Франција/Италија и востание во исто време.

Едвај се држевме со востанието и директниот напад од Италија , уште Франција ни фалеше !
Бевме повикани од Француската влада на состанок.За чудо Французите не знаеле дека имало смена на Претседател/Влада во Македонија.Џабе им објаснувавме дека сме друга влада и дека претходниот напад на Франција беше грешка.
Тие ни рекоа дека си го сакале регионот назад (Corsica).Ако сте сакале да го земете , ќе не прашате а не да не прогласувате за Природен Непријател.
Помислија дека сме слаби иако на 2 фронта и ќе можат лесно да не победат.
Главна цел ни беше да ја одалечиме Франција од Јужните региони (Umbria и другите региони ) а да ги натераме да ги напаѓаат Северните , и би добиле доста време да се справиме со Италијаните.
Притисокот од Граѓаните растеше секој дневно.Ја оставивме Сардинија да ја земат Италијаните, со што ако ја освојат Corsica Французите ќе можат да нападнат само на Tuscany.
Тоа и се случи.Пред нападот на Tuscany кој се очекуваше, дигнавме тактичко востание во Tuscany и Франција мораше да нападне на Северните региони.Од тука па натаму се почна да оди на добро.
Ги одбранивме Северните региони од нападот, Tuscany исто.Ја вративме Корзика назад и со помош на Турците најдовме решение со Франција.И предложивме на Полска да ги затвори нашите граници, и тоа и го направија.
Останавме сами со Италијаните каде што сме многу појаки од нив.Но како ветеното рековме дека ќе ги вратиме и оргиналните региони.После освојувањето на Lazio,Molise,Campania решивме да ја ослободиме Источна Македонија.
Со Српскиот напад на Бугарски регион, беше договорено да крениме востание.Многу ресурси беа потрошени ( тенкови,лебови,карти ) за освојување на Источна.
Следеше и напад на Сардинија ( каде што водиме 7-1 ) и наскоро ќе ја добиеме битката.


Добивме четири ресурси од префрлањето на главниот град ( Нафта, Шалтира , Риба, Овошје ) а со поконкретен договор со Швајцарија/Австрија можеме и повеќе.
За оние што мислат дека не било договорено враќање на Лигурија, се лажете.Се беше договорено се додека Франција не не нападна.Решивме да не го враќаме веднаш регионот,затоа што Франција би добила пат до Јужните региони.

Гледам испаднаа доста статии за НБРМ.Епа вака..Кога дојдовме на власт имаше големи даноци имаше голем прилив на пари, и касата постојано се полнеше.
Потоа решивме да ги намалите затоа што ги трошиме граѓаните.Дневниот прилив од даноците беше негден околу 20 000 МКД дневно.
Само за рефунд на паравоените и АРМ одеа 32к.Тоа е 12к МКД дневно во минус.Плус се поделија над 1500 карти за селење Ломбардија и Умбриа.Секојдневно се делеше рефунд.Се купуваа ресурси ( жито,железо,камен) за работа на компаниите
кој што се во НБРМ.Кога имаше потреба се даваше лебови и тенкови на играчи со над 2,5к стр , а за ослободување на Источна се даваше достаа опрема и на странски тенкови.Картите за селење на паравоените/АРМ беа од државата.Потпишување на МПП-ови.
Тоа беше што ја истроши НБРМ.Во текот на денот ќе има едит, и ќе ви се даде целосен преглед на рефундот.

Мислам дека завршивме доста добра работа.

Успеавме да :

1.Подобриме комуникацијата со ОНЕ.

2.Го префливме главниот град во Италија.

3.Бевме редовни со наредбите од МзО.


Поздрав до сите Министерства но најголем за Здравство и Одбрана. о7

До Струмјанин : Друже продолжи да ја водиш Македонија, како што ја водеше ! o7

P.S Овие правила не важат (http://www.erepublik.com/en/article/-1-1765600/1/20 ), нема потреба да се правиме фраери на последен ден.Новата влада ќе си одлучи .

Останете ми со 100 здравје.
o7

Ваш, Makedonec3