ете и тоа чудо да го видам...

Day 1,260, 03:42 Published in North Macedonia North Macedonia by Aminta Makedonecot

Откако два пати ми беше хакнат профилот од еден наш - локален шизик - очигледно Македонче малодушно, почнав да губам надеж дека онаа старата “Македончето на Македонецот му е волк“ е само мит. Почнав да верувам дека е се повеќе вистина дека Македончето му копа само гроб на својот брат Македонецот.

Но денес видов нешто што ме израдува и ми влеа оптимизам... а тоа е оваа слика




...откако ми падна чудно што некој грк (Kostas1978) два пати бркал БХ во битка за Македонија му го отворив профилот и тогаш ми стана јасно кога ги прочитав овие зборови...“Skopians dont sent me friend request! The acount is back to kostas!“



Фала богу, им дошол умот на нашиве хакери дека можат својот “талент“ да го искористат на во многу по полезни работи отколку во саботирање на сопствените луѓе и браќа.
ако ова погоре е дело на на тој што ми го хакна мене профилот тогаш со ова му простувам пошто евидентно му дошол умот каде е непријателот и каде треба и може да напаѓа. Ако не е тој тогаш нека учи од примеров!

P.S. додајте го грков (Kostas1978) за пријател очигледно на секоја F5 му стигаат по 100 понуди за пријателство 😁)