Да се насмееме!

Day 1,234, 14:10 Published in North Macedonia North Macedonia by smexor1

Тешки времиња!

Пораз на два фронта , лоша атмосфера меѓутоа најдобар начин да заборавиме на се е да се насмееме!

Па со текот на времето, освен што ние растеме и се менуваме, се менуваат и значењата на некои од зборовите кои ги користиме секојдневно.

На интересен начин прикажани дел од нив и нивното сегашно значење:


Огледало – најважната справа во теретана.

Happy Hour – ситуација кога се будите еден час пред алармот и сфаќате дека имате уште толку за спиење.

Емајлиран – затрупан со електронска пошта.

Марихуана – трева која може да предизвика значително поголема среќа од детелинка со четири листа.

Пиперка – оној дел од полнета пиперка кој најчесто не се јаде.

Крај на светот – настан кој сега веќе традиционално се одржува на секои 3-4 години.

Клаустрофобија – страв од затворени простории. Си тргнал накај кафана и страв ти е да не е затворена.

Длабока пенетрација – кога снегот и покрај чизмите и двата пара чорапи успева да ти ги намокри нозете.

Хипнотизер – баба која ги загледува децата во автобус и се обидува со очи да им каже дека треба да и го отстапат местото.

Роденден – собирање годишни залихи на дезодоранси и гелови за туширање.

Вештачка интелигенција – плавуша која се фарба црна.

Оптимизам – кога ќе тргнеш на пазар со два кондоми во џеб. Никогаш не се знае што те чека...

Претплата - нешто што заслужуваат сите да добијат 5 злато и да бидеме помоќни против Бугарите!
Хахахахахахахаха!



Останете ми со 100 здравје Македонци се слушаме во следна прилика.
Ваш колпортер и новинар , Smexor