До сите МАКЕДОНЦИ!

Day 1,216, 04:24 Published in North Macedonia North Macedonia by smexor1

Еееее луѓе мои , играва ја играм неполни 3 месеци и искрено сакав првата статија во мојот весник да биде позитивна за мојата еМакедонија. Но сепак исфрустриран од пазарот решив да ја напишам мојата прва статија (Која што ја пишувам по втор пат , зошто еднаш кога ја напишав ми се избриша заради Time Out, многу кратко време за пишување но нема врска, ај сега претплата и воте за трудот 🙂 ).

Знам и разбирам дека од зголемената продуктивност , цените урнебесно паѓаат.


Ако пред 2 месеци q1 лебот беше и над 1 денар , денеска може да се купи за 0.39 денари , и да кажеме дека ја разбирам и цената , но цената на q2 и на q3 лебовите е виновникот за мојата прва статија.


Значи q2 лебот на пазарот може да се најде за 0.57 денари , знаци за 0.19 денари повеќе добиваш гратис еден q1 леб или 1 q2 леб.


Истата приказна и за q3 лебот , кој на пазарот може да се најде за извонредни 0.86 денари , па мојата скромна математика вика вака :

6 q1 леба (+12 здравје) = 3 q3 леба (+18 здравје)

Порано кога q2 и q3 луксуз , а да не зборувам и за q5 лебот , во денешницава q1 лебот стана луксуз и полека но сигурно гние по магацините.

Решение?

Па најдобро е да се врати цената на q2 лебот на вчерашните цени од околу 0.70/0.80 денари , зошто цената на q1 лебот да биде 0.23 е навистина смешно!

А и проблемот со тоа што речиси сите имаат фирми и поради заситеноста на пазарот си го прави своето , сите работат во фирмите како менаџери губат 10 здравје , здравје кое можат да го вратат за 1 денар , така да се што произведат и да го продадат за најниски цени нив им одговара , зошто не исплаќаат плати и немаат загуби.

Единствено што остана во играва е да седиме со 100 здравје и да уживаме , но кога ќе размислам и нема во што да се ужива, искрено ми фалат секојдневните војни. Но наскоро ќе ги печеме ЖАБАРИТЕ па наполнете ги МАГАЦИНИТЕ!


Ве молам за VOTE да видат МАКЕДОНЦИТЕ дека подобро е во моментов да се купува од " луксузните лебчиња " , а за решението нека се договарат житарите!

Ако ви се допадна мојата прва статија , претплатете се на мојот весник во иднина ќе пишувам подобри и поинтересни статии за мојата еМакедонија.

И не заборавајте
6 q1 леба (+12 здравје) = 3 q3 леба (+18 здравје)

Благодарам!
Ваш колпортер и новинар , Smexor.