еБугарија и законот за еНепријател

Day 1,165, 06:06 Published in North Macedonia North Macedonia by GunnerMkd


Со оглед на тоа што во еБугарија повторно има гласање дали еМакедонија да биде природен непријател или не
Сакам да објаснам неколку работи за да ги смирам страстите на двете страни и да не искочат од контрола работите како што тоа беше во изминативе 2 недели

За да биде изгласан овој закон потребни се 66% од вкупните конгресмени да гласаат ЗА
Во Бугарија има 45 конгресмени што значи дека треба да изгласаат 30 конгресмени со ДА за да биде усвоен законот ,моменталната состојба е 20 ЗА и 1 Против

Што е важно за нас во оваа ситуација ,важно е тоа што повторно ќе бидеме во можност да имаме војна со еБугарија во која ќе можеме да си вратиме нашите окупирани делови ,односно да го сториме тоа без да плаќаме огромна сума на злато за кревање на востанија

И бидејќи ние немаме конгрес ,не сме ни во можност да гласаме било какви закони ,а посебно не овој закон за природен непријател,што значи единствена шанса ни е еБугарија да не прогласи за непријател ,што ќе биде добро за нас

Го пишувам ова за да си знаете и да не почнувате со нервози ,навреди или да не подлегнувате од бугарски провокации затоа што на нас ваква ситуација ни одговара

Од разговор со неколку конгресмени бугарски дознав дека они се против војна меѓу нашите држави и дека оваа војна сега што би била изгласана би била само како тренинг војна за нив ,односно би ни ги вратиле регионите ,а за возврат ние да не ги напаѓаме во иднина

Колку е тоа изводливо треба државните врвови да одлучат ,и тие одлуки зависат од повеќе работи ,така да не е лесно да се донесе некое решение ...

За мене една работа е јасна дури се националисти на власт во соседна еБугарија меѓу нас нема да има мир ,а и најверојатно со создавањето на новите сојузи нашите патишта повторно ќе се вкрстат ,така да не гледам некоја причина за мир меѓу нас (зборам за причини од играта ,а не за РЖ,да не ме разберете погрешно)

Значи според моменталната состојба со гласањето на законот во еБугарија потребни се уште 10 гласа ЗА од преостанати 24 да гласаат ,значи законот е блиску до изгласување
Што значи еМакедонци спремајте ги оружјата ,одиме во војна \o/

Ве молам за глас и крик : )
еБугарија еНепријател
http://tinyurl.com/5sqd57s