Како компаниите затајуваат данок :)

Day 1,100, 06:59 Published in North Macedonia North Macedonia by Georg the macedonian

Затајување данок? Ова можеби на еРепублик ќе ви биде смешно, но понатака во овој артикал ќе ви објаснам како некои еБизнисмени успеваат да заштедат и да не дадат целосен данок на државата. Начинот на кој се досетиле нашите еБизнисмени е многу едноставен, и тоа се се прави со договор со другите лица кои се замешани во истата дејност.
Процедурата е многу проста. Ќе земеме пример некоја компанија која нуди работа на корисниците, а притоа тоа однапред го договара на некој од каналите за онлајн разговори со заинтересираните лица од каде ја нуди минималната плата од 1.2 МКД а плус во договор се обврзува бизнисменот на работниците да им доплатува останатиот износ според економскиот скил на работникот.
Ако работникот е специјалист и највисоката плата е 3.5 тогаш ако легално се вработите во таа фирма од данокот ќе ви бидат одбиени 0.30 МКД ( паушално според даночната стапка која варира) и ќе заработите 3.20 МКД. Но, како што знаете вие еБизнисмените ова ќе ви го објаснат кога ќе прашате за платата и ќе ви понудат да работите за 1.20 за која данокот е многу помал и изнесува 0.10 МКД и плус доколку сработите за денот на „доверба“ ќе ви исплатат преку донација уште чисти 2.25 што ја прави вашата заработка 3.35 МКД која е поголема од легалната 3.20 МКД (заради данокот 0.30 МКД одземен од прикажаната 3.50 МКД ). Со тоа не само што работниците добиваат повеќе туку и бизнисмените заштедуваат и на државата ја оштетуваат (во примерот со 0.20 МКД од работен ден на еден работник) заобиколувајќи ги правилата на игра кои не го предвидуваат овој чекор или „Дупка во законот“ како што кажуваме.