Мапа на еМакедонските играчи во еРепублик

Day 1,084, 10:24 Published in North Macedonia North Macedonia by GunnerMkd



EDIT
На ден 1.176 од новиот свет оваа статија беше апдејтирана и реобјавена ,откако доби 400 и кусур гласови и се најде во ТОП5 по грешка ја избришав 🙁

Првото издавање на оваа статија пред 4 месеци донесе означување на 120ина жители на мапата

Со второто издание(кое несакајќи е избришано) на мапата се додадоа уште 140ина жители

Во продолжение се наоѓа статијата со оригиналниот текст како што беше објавена пред 4 месеци ,ништо не е менувано или апдејтирано


Со цел за момент да избегаме од секојдневната политичка и економска ситуација во нашата еРепублика а и комплетно во еСветот решив да ви претставам една интересна идеја која што се надевам ќе наиде на позитивна реакција од ваша страна

Се работи за мапа(Гугл) конкретно за нашата Македонија во која секој од нас може да го обележи својот град на живеење (не мора точна адреса ,сами одлучете си за вашата приватност) ,за да што повеќе се зближиме и дознаеме кој каде живее и од кој град имаме највеќе активни играчи во еРепублик



Мало објаснување како треба да го изведете сето тоа и да ја означите вашата позиција на мапата

1.Кликате на линков,тоа е нашата мапа на играчи

2.Треба да се регистрирате или логирате за да додавате локации на мапата

3.Откако ќе се регистрирате или логирате
Треба да кликнете на Add Marker кој се наоѓа на горната лева страна од мапата ,тука имате опција да ги пишете името на вашиот град и автоматски да ве маркира на позиција во центарот на градот ,меѓутоа доколку сите се обележите на тој начин нема да има прегледност бидејќи сите ќе бидат на една иста позиција
Затоа најубаво е да кликнете на Add Marker и потоа сами да си одберете местото и со еден клик на маусот да ја обележите вашата позиција



4.Потоа одбирате Категорија "Машки" или "Женски" ,го пишувате вашето име од еРепублик ,и во табот Details постои место за ставање на линк до ваш веб сајт таму го ставате линкот од вашиот еРепублик профил
Доколку го сторите тоа ќе биде полесно да се отвори вашиот профил само преку кликање на вашето име
Можете да си додадете ваша слика и останати опции кои сами може да си ги откриете 😁



Понатака во мапава е можно да се прават различни категории кои можат да бидат избирани при означување на нова позиција
На пр. Група на партијата "Обединета еМакедонија" со своја слика,опис итн

Се надевам не ја пишувам залудно статијава и дека ова нова интересна идеја ќе ја прифатат што повеќе жители на еМакедонија
Во знак за подршка на идејава Гласајте и ставете го во шаут артиклов за што повеќе луѓе дознаат

I am and i aprove this message 😁