Ајде малце поактивно !

Day 1,074, 04:32 Published in North Macedonia North Macedonia by GunnerMkd



Здраво на сите браќа Македонци !

За да имаме успешен и помасовен бејби бум се потрудивме сите заедно
Меѓу најважните работи беше и објавувањето прилог на Сител вестите и креирањето на Фејсбук страница за играта, секако и и многу други индивидуално сторени работи од секој играч поединечно

Меѓутоа она што е најважно можеби сите го заборавивме ,не е толку важно да привлечеш толку луѓе во играта колку што е важно да ги задржиш да играат
Секоја чест за креирањето на Фејсбук групата собра доста членови и сигурно ќе собере уште повеќе ,но жално е тоа што таа група не се одржува односно не служи како информатор и потикнувач на играчите за што поголем интерес и информирање за играта

Може да се примети дека многумина оставаат коментари со прашања меѓутоа никој од администраторите не е активен за да одговори ...

Незнам колку од вас тука ,а посебно од оние поискусните играчи се активни на Фејсбук ,но едно е сигурно не постои човек во Македонија(и во светот нормално) што не користи Фејсбук и затоа мора да го искористиме максимално за разновидна промоција

Пример сакаме членови на форумот >>> го објавуваме тоа ...
Се појавува некоја важна статија од еРеп весник >>>веднаш се објавува на Фејсбук
Следува некоја многу важна битка >>> нормално се објавува во групата...

И да не лупетам многу ,ме разбирате што ми е поентата ,затоа треба да го исконтактираме администраторот на Фејсбук групата да назначи уште неколку администратори ,меѓутоа не многу и не било кој ,за да нема злоупотреба на групата

Јас се пријавувам за администратор затоа што сум активен на Фејсбук а и сам сум админ на повеќе поголеми фејсбук групи

И како последно но и најважно

Повик до сите кои што не се регистрирани на нашиот официјален македонски форум emacedonia.info за играта да го сторат тоа веднаш со цел што поголема ваша информираност бидејќи форумот е од затворен тип и треба да сте корисници за да прочитате поголем број на информации ...
Правила за регистрирање на форумот се
1.Се регистрирате со потполно истото име од играта еРепублик
2.Праќате приватна порака до Exelexmk И тоа е тоа чекате вашата регистрација да биде одобрена со што ќе добиете пристап до форумот

Значи навистина факт е дека добивме многу играчи кои што се навистина активни отвараат весници ,се членови на форумот итн итн ,меѓутоа многу мал процент од регистрираните Македонци се задржаа во играта
На овој начин колку толку ќе ги потикнеме редовно да ја играат играта а и ќе потикнеме повеќе играчи да се регистрираат
Зошто да застануваме тука ,напаѓаме и одиме понатака во топ 5


Така ли е браќа Македонциии !

Доколку нешто заборавив ќе биде освежена статијата 😃

До следното читање Поздрав на сите 😃

I am and i aprove this message 😁