24 интересни факти за Македонија
Goran FILIP VI Makedonski
Ај па малку и домашни факти.
Да се потсетиме на некои факти за Македонија, кои можеби сме ги подзаборавиле или пак воопшто не сме ги знаеле 🙂
1. Во Македонија се наоѓа единственото европско наоѓалиште на рубини.
Многу скапоцени камења што можете да ги видите во светските каталози се од Прилепско. Странците го купуваат скапоцениот камен по багателни цени. Поради неупатеноста и желбата за заработка, кај прилепчани поминала приказната дека станува збор за минералот корунд(минерал од најниска класа). Рубини во Македонија има и може да се најдат во лежиштата на доломитските мермери како што е прилепскиот сивец.
2. Македонскиот рудник "Алшар" на планината Кожув е единственото наоѓалиште на светот на талиум и потенцијален "рудник" на еколошки чиста енергија.
За жал, кај нас никој не ни знае како тоа да го искористи 🙁
3. Најквалитетниот опиум на светот е македонскиот. Арно ама, многу тешко може да се најде на македонските ниви.
Втор по квалитет е Пакистанскиот со 7 морфиски единици, а следуваат со помали разлики и останатите. (Колумбискиот на пример е околу 3,5 МЕ. Mакедонскиот е 14 морфиски единици!)
4. Најславниот од сите римски патишта врви во најголемиот свој дел низ Македонија, патот – "ВИА ИГНАЦИЈА"
5. Пештерата Пешна во Македонски брод во Њујорк тајмс е опишана дека е идентична како измислените пештери во „Господарот на прстените".
6. Во темелите на манастирот "Св. Богородица Пречиста" (Кичевско) има дел од крстот на кој е распнат Исус Христос. Дел од крстот има и во темелите на манастирот "Св. Јован Бигорски" како и во манастирот "Св. Георгиј Победоносец" во с. Рајчица, Дебарско.
Јас ова не сум го знаел, а како што гледам и многу други туристички „експерти“ кај нас.
7. Гробот на славниот Грк Зорба е во градските гробишта во Бутел.
Алексис Георгиос Зорба кој бил инспирација за романот „Гркот Зорба" живеел во Скопје, имал жена и деца, а починал во 1942. Фамилијата сеуште му живее во Скопје.
8. За татко на модерното воено инженерство се смета Дијад кој во времето на Александар Македонски измислил низа опсадни машини меѓу кои и катапултот.
9. Музиката во Македонија датира од 11 век.
БОЛОЊСКИОТ ПСАЛТИР е напишан со кирилица во селото Равен Охридско, а во охридскиот музеј се чуваат нотни писма од 14 музички ракописи кои датираат од 10 до 14 век.
10. Најстаро дрво во Македонија- Платанус Ориенталис во Охрид е познато како Чинарот. Расте од времето на Св.Климент Охридски – 9 век.
11. Во МПЦ само во манастирот „Св. Ѓорѓија Победоносец" се изработуваат митри кои се мошне квалитетни и барани од епископите, не само од македонската црква, туку и пошироко. Од 2003 година до денеска, монахињите имаат изработено над 150 митри што ги носат великодостоинственици на православните цркви во Америка, Африка, Русија, Грција, Украина, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора и во други држави, ерусалимскиот патријарх и вселенскиот патријарх Вартоломеј. За жал митрата не доажа со памет ...
12. Првиот светски златен медал на македонски фотографи – Браќата Манаки 1905 год. Bо Битола тие отвараат ново "Студио за уметничка фотографија" и учествуваат на големата светска изложба на фотографии во романскиот град Синаја во 1906 година каде освојуваат прво место и златен медал за нивната фотографска колекција.
13. Во Скопје животот континуирано трае најмалку 7000 – 8000 години. Докази се Неолитската тумба во Чаир, а покрај неолитската тумба во Маџари и неолитската населба на Скопската Тврдина.
14. Првата зоолошка на Балканот е изградена во Скопје.
15. 120-те кукли во Куклица во близина на Кратово се стари 10 милиони години.
16. Еден од преживеаните од Титаник е Македонец. Стојко Додоловски од село Чучер, Скопска Црна Гора во последен момент прекупил карта од еден поп и се качил на Титаник. Кога бродот тонел тој се фрлил во водата и се обидел да се качи на спасувачки брод со господа кои не го пуштиле. Плутал се додека не го нашол единствениот од екипажот кој се враќал по преживеани. Тој спасил 12 лица меѓу кои и Стојко.
17. Според НАСА, Кокино е четврта на листата најстари опсерватории во светот.
Останатите се Abu Simbel Egypt, Stonehenge Grat Britain и Angkor Wat Cambodia. Помалку позната е и Чочев Камен близу Кокино стара 4 милиони години, која е посовремена од Кокино.
18. Македонија има 34 планини, 53 природни и вештачки езера, од кои најстарото во Европа – Охридско е и најдлабоко на Балканот. Охридското езеро е старо 4 милиони години, во него има 200 ендемски видови кои се од светска важност.
19. Во Македонија годишно се произведуваат повеќе од 135 милиони литри вино и 150 милиони литри ракија, односно 850 милиони литри пиво. И пак не ни е доволно 🙂
20. Првата железничка пруга на Балканот Солун – Скопје е изградена во 19-от век.
21. Првата жена покрстена на европско тло е Лидија. Македонката од градот Тиатир која во ближниот Филипи продавала црвени ткаенини. Токму црвената боја станала сеприсутна низ македонскиот фолклор, ткаенини, везови но и востаничките знамиња.
22. Лесновскиот Манастир е прва монашка република на Балканот.
Во него постоело книжовно училиште – "Лесновски скрипторум" и тоа уште од половината на XI век но и калиграфско(препишувачко) формирано во XIII век. Се до 40-тите години од XIX век во манастирот се наоѓала и најголемата библиотека на Балканот, со огромен фонд на книги и ракописи собирани од најстарите времиња и најдалечни краеви, но и книги создавани тука на автохтоното македонско подрачје.
23. Според археолозите и геолозите во Македонија траги на живот има уште од времето на Плиоценот, т.е пред првата ледена епоха. Во околината на Неготино се пронајдени коски за кои се претпоставува дека му припаѓаат на животно старо од 2 до 10 милиони години, а човекот од Егејска Македонија е постар дури и од познатиот неандерталец од Германија кој се проценува на 30.000 – 100.000 години старост. Со пронајдокот од Егејска Македонија се рушат и теориите за неандерталецот како најстар предок на човекот, особено што и други пронајдоци од најново време покажаа дека тој бил суштество сосем различно од човекот или некаков човечки предок.
24. Првите карпести гравири се создадени во Македонија пред 32 милиони години.
Според наводите на Емануел Анати од Италија, директор на Светскиот архив за карпеста уметност и на францускиот академик Жан Клод, Македонија е земја со најголем број ваков вид карпеста уметност во светски рамки. Мрежестите гравири кои за прв пат беа откриени во местото Лас Мазил во Франција, во Македонија се откриени во Пелагонија, во Славишко поле – Крива Паланка, во северниот дел на кумановскиот регион, во селата Тополовиќ, Горно Кратово и во други краишта на нашата земја.
Тоа е тоа 🙂
Comments
o/
🙂
👍
о7
😎 👍
[removed]
Под бр. 20 си напишал Салоника, тоа е всушност Солун. Претпоставувам дека го имаш копирано од некаде, а тој што напишал Салоника или не знаел за кој град се работи или е северџан.
Во основа се работи за Тесалоника или Селаник по турски, односно Солун по нашки. Текстот е изворен, па не сакав да го менувам, ама .... еве ќе го сменам 🙂
Не ме интересира Турците или Грците како го викале, ние го викаме Солун.
Добро бе што му се напна на човекот 🙂
Убава статија иначе о7
Severrus Snape Немам ништо против него, само неќам да им го правиме ќефот на душманите.
По тоа што го гледам онлајн, половина од Македонците не ни знаат да употребуваат одредени Македонски зборови. Пример, доста голем процент го користат зборот Вергина наместо Кутлеш зборувајќи за тоа сонце/знаме, пола и повеќе од сите што летуваат на Егејот користат грчки имиња за градови/местата, наместо Македонските. Не е оправдување во никој случај, тоа е цената што ја плаќаме со интернетот. Се согласувам дека не треба да се забораваат старомакедонски наследства, посебно јазични, а се повеќе луѓе користат разно разни интернационализми (посебно ме иритираат Англицизмите за кои има совршено добри Македонски зборови), и тие ни се служат на дневна база (многу пати имам видено неписмени новинари на телевизии на пример). Е таму лежи проблемот, тие луѓе ги гледаат и слушаат цела нација, а не тоа што некој напишал Салоника или Солун на полумртва игра.
Убаво што си му посочил, ама да не се растргнуваме и сами меѓу себе 🙂
Поздрав о7
Severrus Snape Во право си со коментарот. Мене особено ми пречи кога некој користи странски назив за Солун, за инает на грцине не треба да дозволуваме да ни наметнуваат туѓи називи. А за останатите имиња на места во Егејска Македонија, се забораваат помалите места, особено што нема карти со македонските називи. Македонската верзија на Google Maps ги има македонските називи за голем дел од местата, ама ретко кој ја користи. А за новинарите на телевизија крив ни е образовниот систем, и фактот што ниедна телевизија не вработува лектори. Треба да лектор во секоја телевизија и да ги опоменува постојано кога користат странски зборови за кои има македонски превод. Најчесто користат англизми за да звучат попаметни, некогаш се користеле србизми, сега англизми. И да, мене особено ме иритира кога мислат дека со користење странски зборови ќе звучат попаметно, смешни се.
И пак ќе речам на крајот, немам намера да навредувам и да се карам со никого, коментарот не ми беше со таа цел.
Абе Томи и јас сум таков како тебе, ама историјата мора да биде таква каква што е, а како таква нам ни оди во прилог, така што, дали Солун или Салоника ... не е битно. Плус, Грците денес го викаат Тесалоники, а не знаат дека Тесалоника е ќерка на Филип II Македонски, а Филип и Тесалоника биле Македонци и плус Филип бил нивниот најголем душман 🙂. Така што ... во секој случај дали Солун, дали Тесалоники, дали Селаник ... тој бил наш, Македонски 🙂
Имаме прекрасна земја со сеуште неоткриени чуда, ги имаме најубавите планини, реки , езера , градови.
Ја имаме историјата ги имаме прекрасните манастири и цркви.
Но штета што не се цени и не ни се направени патишта кои не се преодливи со кола мораш само со џип, но не секој може да си дозволи џип. А има волја а неможе да појде.
Слабо плати и заостанат народ, ќути и трпи и ке си не возе секој втор.
Штета што не знаеме да си цениме што имаме.
Супер факти , некој од овие првпат ги читам и дознава.
Продолжи така само!
о7
o7
Респект
Ако имаш уште вакви за читање, објави 🙂
о7
Браво за трудот дечко. Продолжи така. \о
Bravos dete ete neshto interesno da prochitam po evesnicite