Авио реформа [Little Beast]

Day 3,837, 12:29 Published in North Macedonia Lithuania by Little Beast

Здраво на сите.

Како воведувач на авио рефундот за прв пат од таков вид во нашата држава, во текот на изминатите месеци благодарение на желбата и заложбата на останатите претседатели овој рефунд продолжи да се спроведува што доведе до тоа да имаме многу подобра и подисциплинирана војска. Но, не е се така 100% перфектно, а во текот на изминатите месеци тоа можев да го увидам и дојде време да се обидам да воведам реформи во тој систем се со цел да се зголеми ефикасноста и организираноста.

Кога се воведе авио рефундот, тој беше поставен многу лабаво како би можеле сите да се мотивираат и приклучат играчите без поголеми проблеми и да бидат обрзувани на било што. Оваа лабавост почна во одредени моменти да биде злоупотребувана, на моменти дури и контрапродуктивна и штетна.

Покрај тоа би имало простор за помали финансиски трошоци на државата, а со тоа можност рефунд системот да се зголеми или врати на старите 3 денари за 100 убиства.


Прво би сакал да ги напоменам работите кои ќе останат исти како и во претходниот систем, а тоа се:

- Горната граница за влез во рефунд системот останува иста т.е. играчите со ранк до Wing Commander влегуваат во рефунд системот

Од старт би сакал да договориме една работа. Во минатиот период имаше неколку спорни ситуации во врска со рефунд системот и ранкот. Поточно, играч кој крева ранк Wing Commander во тековната недела, се создаваше спор дали на тој играч му следува рефунд или не. Мојот став и тогаш и сега е ист т.е. доколку играчот влегува во новата недела со ранк до Wing Commander, а во текот на новата недела, пример во петок го достигне ранкот Wing Commander тој ќе добие рефунд

- Бројот на убиствата и цената за тие убиства остануваат исти, значи за 100 направени убиства добивате по 2 денари од убиство, па така доколку имате 575 убиства ќе ви се рачуна како да имате 600 убиства и ќе добиете 1.200 денари, а доколку имате 532 убиства ќе ви се рачуна како да имате 500 убиства и ќе добиете 1.000 денари

- Топ 3 ранкингот останува без промени во поглед на средствата за него значи:

1во место 5.000 денари
2ри место 3.000 денари
3то место 1.500 денари


Во продолжение ви го најавувам авио рефунд системот 2.


Државјанство и единица

Рефунд системот ќе биде наменет строго за играчите со Македонско државјанство и Македонска единица. Овие два услови треба да бидат кумулативно исполнети, а доколку еден од нив не биде исполнет играчот нема да може да добие рефунд.


Индивидуална наместо колективна пријава

Во стариот рефунд систем, командирот на воената единица доставуваше пријава со бројот на убиствата од својата единица секој вторник за претходната недела. Имаше единици каде играчите не го прифаќаа рефундот, го одбиваа самите или пак по истекот на 3 дена се враќаше назад кај задолжениот за поделба на рефундот. Поради ова би предложил промена во која секој играч индивидуално ќе се пријавува за авио рефунд секој вторник за претходната недела.


Активност на играчот

За да се спречи одлевање на штета надвор од наредбите на државата, играчот ќе биде задолжен да достави доказ дека во тековната недела секој ден ја завршил дневната наредба (ДО). Ова се воведува со цел да се зголеми активноста и правилното насочување на штетата. Играчите кои нема да имаат 7 дена завршено ДО нема да влезат во рефунд системот.


Пријава за рефунд

Тоа ќе може да го направи на многу лесен и едноставен начин, преку пополнување на форма, каде многу сликовито ќе е објаснето што и како треба играчот да ја пополни за да биде регистриран за рефунд. Пријавите во формата која нема да биде целосна или точна ќе биде отфрлена.


Казни и награди

Во минатите месеци имавме неколку случаи каде играчи кои добиваа рефунд беа фатени на дело како пукаат против интересите на државата и сојузниците и тоа во многу важни битки и моменти. За да се спречат ваквите ситуации во иднина ќе следуваат казни за оние кои ќе бидат фатени да пукаат против наредбите и приоритетите на државата со тоа што ќе бидат исклучени од рефунд системот во таа недела во која ќе бидат фатени.

Воедно, ќе има и награди за оние кои ќе доставуваат докази дека одредени играчи пукаат наредбите со доставување слика од битката. Наградата ќе биде 200 денари по слика за испраќачот.

Веднаш да напоменам, во случај двајца играчи да доставуваат слика за ист играч, наградата ќе добие тој што прв ја испратил сликата.

Доколку еден ист играч три пати биде фатен дека пука против наредбите и приоритетите на државата ќе биде трајно исклучен од рефунд системот.


Исто така кога одреден играч ќе достигне ранк Wing Commander ќе добие бонус 5.000 денари бидејќи веќе тој играч ќе излезе комплетно од рефунд системот.


Тоа се промените кои би сакам да се воведат во рефунд системот, се надевам дека ќе бидат корисни и исправни за уште поголема дисциплина и јакнење на нашата авио војска. Доколку некој има некаков предлог или забелешка слободно нека пише во коментар.

Искрено ваш

Little Beast