Претседателско обраќање - Крај на ресурсните војни[CHIVAREGALSR]
Narodna Banka na Makedonija
Добровечер Македонци,
Конечно дојде крајот на ресурсните војни, па така можеме да правиме планови за селење на фирмите. Одлучено беше следново:
-Источна Македонија да се даде на Литванија, со тоа ќе добиеме 100% бонуси за храна и 100% бонуси за оружје во тој регион! Данокот ќе се враќа месечно.
-Од Египет ќе биде изнајмуван ресурсот Неодиум(Neodymium) кој дава 30% бонуси за авионската индустрија(550к денари месечно), а од УАЕ кобалт(Cobalt) кој дава 25% бонуси за компаниите за авиони(5% од заработката месечно). Со овој потег, во Западна Македонија ќе имаме 100% бонуси за Авионските компании.
Сумирано:
Источна Македонија - 100% храна и оружје; Западна Македонија - 100% авиони.
Со оглед на тоа дека досега никогаш не сме имале целосни бонуси во било која индустрија, претпоставувам дека на повеќето фирмите ви се во страна. Градските бонуси нема да се најдобри, меѓутоа мислам дека во замена за неколку леба/авиони/тенкови дневно, многу е подобро данокот да иде во сопствен џеб, отколку во туѓ. Данокот може да се дебатира дали сакаме да остане 2% или да се намали/зголеми. Моја препорака да остане, меѓутоа слободно кажете го вашето мислење во коментари.
Од утре валидни се и токените за преселба, така да во коментар напишете кој колку фирми планира да пресели и колку токени има, за да се направи математика и да се делат државни пари за селење на фирмите.
Литванија слетува во Источна Македонија во Сабота наутро, така што од Сабота имаме 100% бонуси за храна и оружје во тој регион.
Напомена: Кога ќе порасне детерминацијата на Литванија, на нивно место ќе побараме да дојде друга земја со 100% бонуси за храна и тенкови, што значи дека бонусите ќе останат вакви на подолг период!
Со оглед на тоа дека ресурсите ќе бидат доделени утре сабајле, ќе пробаме законите за изнајмување да ги пуштиме што е можно побрзо, па во сабота да имаме и комплетни бонуси за авиони.
Вишокот ресурси кои што ги освоивме: Жито, Шалитра, Нафта, Риби и Песок, ќе бидат изнајмувани на нашите сојузници за одредена цифра месечно.
Шалитрата ќе биде изнајмена на Литванија за месечни 400к денари.
Како што беше најавено, утре можно е да има и нови авиони со квалитет q2,q3,q4,q5 итн.. Останува да видиме кога админите ќе ја воведат оваа промена.
Предлог: Доколку сакате да кренете нови фирми, почекајте Црн Петок(27 ноември) ќе имате попуст за сите фирми од 30-40%
Останува во коментари да напишете колку фирми планирате да преселите, колку токени имате и колку денари отприлика ви фалат за целосно да се преселите во назначените региони погоре, па во наредната статија да се даде извештај за одвоени и потрошени средства!
ПС! Инсталирајте телеграм(апликација која не ви го покажува бројот/ името) за дружба со останатите играчи, наредби, совети, помош и слично.
Линк до Телеграм каналот на еМакедонија
https://t.me/joinchat/GU6-bxc8_PaHpsHuEoTqIw
Претседател на еМакедонија,
Чивас
Comments
Претседателско обраќање - Крај на ресурсните војни[CHIVAREGALSR]
https://www.erepublik.com/en/article/-chivaregalsr-1-2725633
Дајте му медал на човекот о7
Браво машко
Конечно ги селиме фабриките од Иран на домашен терен !
о/
поврат на ддв секој викенд !!!
Секој последен викенд во месецот - викенд без ДДВ!
256 komada odgovara ?
Лепаче прво наш пасапорт земи
Ne vi odgovrara .. ok ... vidimo se posle 5 godine o7
Цел еживот у туѓина сега бара пари од маика. Абе како така? 🙂
I'm happy with what you guys have achieved, good luck at this stage.
o7
im glad you're happy, but this is far from the expected achievement considering our country.
BUT, they did the best with that they could..
cheers mate, hope you're doing fine o7
не започнавме сериозно на почеток - премногу TW а премал интерес за бркање ресурси (подоцна се смени тоа), нејасни и нецелосни информации околу добитникот на ресурс ако 2 или повеќе земји имаат иста позиција на самиот крај (пукавме на ќоро првите битки иако бевме ко швајцарски часовник а не земавме ресурс), сите појаки ресусри се фатени со по мин 8 - 12+ активни битки (што е навистина тешко за конторлирање посебно со јака конкуренција околу нас), да додадам и за саботирањето од страна на HR, и на крај малку луѓе земаа учество го организација - неможевме да идеме на сите ресурси посебно не во нокните часови ...
Браво o7
o7
o/
o7
Кој го игра Чивас сеа? Дека е Даниел? 🙂
Tuka e od vreme na vreme
o7
Jas sto imam firmi vo zapadna ... kako ke pravime ?
Narednata statija procitaj ja
o/