[Вонредно претседателско обраќање]Каде се парите од НБРМ?

Day 4,168, 00:48 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добро утро Македонци,

иако ќе беше многу подобро да не ме разбудеше порака на вибер:

"Цреп станувај, не опљачкаа, ги нема парите од НБРМ"

Испаничен, веднаш ја отворив банката и... ШОК! Целата наша мака во изминативе 3 месеци падна во вода, а толку добро изледаше бројката со 8 цифри која само што ја постигнавме.





Ок, пред да добиете мини срцев удар и да бидам запаметен како најлош претседател во еИсторијава, да напишам дека сето ова е мала шега - обид за да го привлечам вашето внимание. Меѓутоа доколку сепак успеав да ве натерам да го кликнете линкот, би ве замолил да одвоите 5 минути од вашето драгоцено време и да ја дочитате статијава бидејќи е особено важна во овој момент!





Сите ние ја играме играва подолг период. За некого навика, за некого забава, место за бегање од реалноста, место за тролање, пцуење, ширење политичка пропаганда(xD). Меѓутоа има нешто што сите нас не спојува, нешто што не ни дозволува да ја напуштиме оваа одамна пропадната игра. Сите знаеме за што станува збор, тоа е нашата најсакана МАИКА.

Неодамна бевме обвинети за насилно однесување према Австралија, земја која што ни беше тренинг партнер повеќе од три месеци. За да не вртам околу истата работа, тие што ги интересира повеќе прочитатајте ја статијата:

erepublik.com/en/article/official-statement-regarding-warbhoy-s-false-claims-2694762/1/20
(Кој ви е крив што не сте земале курс по англиски навреме)

Бевме обвинети од ирското к*пиле во неговата статија дека сме силеџии, дека сме северњаци, дека сме биле мајкод*пачи(што не звучи толку лошо) и што уште не. Па така, на нивниот чат решија да ја пратат мама Хрватска да нe натепа и да не избрка од Австралија со се партали . УААУ!!

Цреп како цреп си го земав многу при срце г*мнојадењето од копитото и решив дека е време за одмазда. Време е Македонската Фаланга да се обедини како во времето на Шиме, Конг, како во времето на Аце 3ти и тие по него, како...додај текст...

Очигледно е дека 2ката по Македонски јазик и литература е заслужена, па пишувањето на статија е мојот најголем предизвик за денеска





Време е за малку посериозен муабет:
Набрзо по објавувањето на статијата на копитото, цел свет дозна дека ни е голем па сакаат да се измериме. Има 2 вести, класично 1 лоша, 1 добра:

Лошата:
Имаме закани од повеќе држави дека ќе сме нивна мета и дека доаѓаат без презервативи.

Добрата
Имаме добра комуникација со сите сојузници(Хидра + Астерија) и ќе бидат тука за нас доколку не нападнат.

Разговарано е со конгресот и одлучено е да се набават 10 000 тенкови во вредност од околу 850 000 денари, кои ќе се делат на војниците. За почеток, ќе бидат поделени по 20 тенкови на секој Македонец кој што ќе коментира на статијава.
Ее бате Северус кој ти е крив што замина во топлите краишта на печалба?

Групата на вибер, сочинета од војници, масони, џаболебари, тенкчиња, тенкови и повеќе ѕверови, е спремна за одмазда.
Доволно трпевме понижувања, доволно се играа со нас и не потценуваа. Време е повторно да го бутнеме серверот и да поставиме нов рекорд за направена најголема штета во поединечна битка. Време е за машка борба. ВРЕМЕ Е МАИКА ДА СТАНЕ ИМПЕРИА!

Иако сме ние сите спремни, ќе ни треба помош и од секој вас.
Секој ќе добие по еден тенк за потрошено едно чоколадо во битката која што ќе биде маркирана како топ приоритет. Ќе биде објавена и статија со известување и упатства барем 10часови пред битката.

За оние кои што сакаат да не дружат поактивно, направен е канал на Телеграм - апликација достапна и за компјутер и за телефон, која што НЕ го покажува вашиот телефонски број.

Линк до каналот:
https://t.me/joinchat/GU6-bxc8_PaHpsHuEoTqIw





За крај, најпрво благодарност што ја прочитавте статијата во целост. Во истава прилика, благодарност и пофалба за конгресот за послушноста во гласањето на законите! Ни следи интересен период на војни, каде што ќе биде интересно да се види крајот.
Затоа, чувајте чоколади, стингери(воздушни ракети), моркови, сливи, тикви и што се друго и да имате во вашите ценети магацини, до клучната битка и придружете се заедно да славиме уште една историска победа!


Со почит и до следно читање
Вашиот еПретседател,
goLdeNNN II