ДИКТАТОРСТВО, ДОНАЦИИ, ВАЖНО!!

Day 3,648, 20:14 Published in North Macedonia North Macedonia by Severrus Snape
Здраво живо Македонци.

Прво да ви ја објаснам ситуацијата, за да читате за Диктаторството скролајте надоле.


Статијава ја пишувам во афект како резултат на моменталните случувања на меѓународната сцена, а богами и нашата. Како за беља, токму месецов одлучивме да немаме стабилен кандидат, наместо тоа да имаме човек што сакаше да ни ги искраде парите, и како резултат на тоа сме без Претседател.

Издржавме колку може досега, ама едноставно таква функција мора да се има затоа што од неа зависат пуштање на закони и напади, нешта кои конгресот НЕ МОЖЕ да ги направи.

Бугарија е моментално под воен напад, а Шпанците успешно ги блокираа Грците да не влезат во Арабија. Со тоа им се заканува или тешки борби во востанијата, или директни напади од Грција, Египет, Кипар и Унгарија.

Поради тоа, во најбрз можен рок кога ќе дозволат механизмите на играта (за 2-3 дена, заради поставениот Природен Непријател на Албанија), ќе пуштиме закони за мир, и Тренинг Војната со Албанија ќе се прекине!!

И следното востание треба да го дигнеме во Источна Провинција, ќе биде неуспешно, секој што ќе поддржи (со приложена слика - доказ) му се враќа 1.500 денари. ТОА ВОСТАНИЕ ГО БРАНИМЕ!!

Месецов е и како што знаете и 10ти роденден (21 Ноември мислам) на играва така да чувајте голд за понудите. И 100% ќе има неверојатно тешки битки, јавна тајна е дека сите се чуваат за роденденот..


ДИКТАТОРСТВО


Поради тој настан, и екстремно барање од сојузниците, и по се поверојатната потреба од наша помош во нивните битки, присилени сме да инсталираме диктаторство во еМакедонија, до следните ЦП избори или додека не најдеме некој што би можел сам да си плати револуција за да си земе медал (да поминеме со помалку трошоци).

Уште сега се кројат планови од епски размери, од кои и Македонија треба да е дел, а без Претседател или Диктатор не може да дејствуваме, а може и лесно да не исфрлат од нашите колонии, а верувајте, таква акција ни се спрема.


Затоа едногласно одлучивме таа функција да ја превземе ионака превише активната Фуриоус Лејди. Таа се согласи од свои лични средства да продаде пакови со цел да ја плати диктатурата, или делумно да ја кофинансира во зависност од тоа колку е во можност да продаде пакови.



Пучот е најдобро да се почне ШТО ПОБРЗО (според мене, најдоцна утре) со цел да имаме време да дејствуваме навремено.
За да не се трошат многу пари од државните кои ги чуваме за КО (моментално имме околу рти малиони денари - намерно помешани букви)


ЗАМОЛУВАМ СИТЕ КОИ ШТО ИМАТЕ ЗАЧУВАНО НЕКОЈ ДЕНАР ДА ДОНИРАТЕ КОЈ КОЛКУ Е ВО МОЖНОСТ!!

Донациите идат овде: https://www.erepublik.com/en/citizen/profile/6920031




Доста е со поделбите, гледам деновиве и активно работите на тоа Влада-опозиција да работат заедно. Сега е време да ја покажете вашата вистинска волја околу тоа, и да ја вратиме Македонија на нозе!

Повторувам, немаме многу време треба да дејствуваме брзо.
Секоја донација е добредојдена!!!!!


Со почит,
Северус Снејп