Диктатура - Револуција [ВАЖНО]

Day 3,421, 07:29 Published in North Macedonia North Macedonia by Severrus Snape
Ве молам да ја прочитате статијава, ја пишувам да ве информирам околу Револуцијата, и заедно да одлучиме што ќе се прави што побрзо....


Како што гледате, пробавме со идејата на Феликс, автоматски да се тргне диктатурата кога нема да има пари во трезор (го испразнивме трезорот пред смена на ден), и тој обид пропадна.

Криви за ова се Админите секако, дали од НЕДОВОЛНО објаснети правила ЗА КОИ НИШТО НЕ ОТКРИЈА ДЕТАЛИ, или од системска грешка па не ја тргаат диктатурата.

Данокот што го зема диктатурата не е наеднаш пресметан од претходниот ден (на пример, сме имале приход 60 илјади, и на тој ден кога требаше да се дигне диктатурата, нормално, секој би помислил дека во трезорот треба да има 30 илјади денари -50% од приходот- за да има диктатура. Немаше, ама диктатурата уште стои). Се испостави дека данокот се зима постепено, де факто, сеуште имаме диктатура.

Барав и најдов кандидати што бараат Револуционерен Медал, ама се појави друг проблем.

Мора да биле барем 14 дена Командири на Македонска единица, за да можат да дигнат Револуција.

Со ИГД зборев, и он пронајде можна дупка во законот, а тоа е тој странец што го сака медалот да ми прати мене 1 милион цц, јас да кренам Револуција, па да му предадам Командир на него, затоа што медалот го земал тој што е Командир на крај на револуцијата. Оваа опција не е толку сигурна, и МОЖНО е да е променета со последната измена, така да не знам дали некој ќе се нафати на ова.


Да резумирам, оставени сме повторно сами на себе.

Опциите се некој странец да ризикува со менувањето на Командир во наша единица, со оглед на тоа дека ако не успее, ќе треба да му рефундираме парите, или дел од парите..

ИЛИ

Сами да си дигнеме Револуција, дали државата да учествува со 50%, другото од донации кој милува, или целосната сума да ја плати државата.

Ако чекаме 14 дена некој друг да дигне, парите собрани од данок за диктатура ќе дојдат таму некаде као сами да сме си дигнале, околу 700 илјади денари.

*цената за почнување Револуција е 1 милион денари.


Чекам одговор до вечер од странските кандидати за Револуционерен медал, па ќе одлучиме тогаш.

Во меѓувреме ако се појави некој Македонец што го сака тој медал и сака да дигне Револуција, слободно нека ме контактира. 🙂


Кажете во коментар што мислите.. или уште подобро, придружете ни се на Дискорд каналот на еМакедонија: https://discord.gg/MwWnpzH