Мојата приказна [Северус]

Day 2,934, 09:31 Published in North Macedonia North Macedonia by Severrus Snape
Здраво еМакедонци и еМакедонки,

Последниве месеци, а и наредниве, официјално и ме нема како Министер за Надворешни Работи, па за да не се загрижите еве ја пишувам статијава хехе 😛

Шала на страна, мојата приказна започнува вака..

Прв пат доаѓам на сцена Декември 2013-та, во месец кој што многу добро го паметам, кога ЦП беше СтрвлеМКД (не замерувајте за 100% точност на никот) а МоФА акцонел. Тогашната МоФА заради неактивност и несериозност на Претседателот одлучи да си даде оставка, и сакаше оргот да ми го предаде на мене, а јас бидејќи никогаш не сум имал интерес со оргови, не знаев дали или како да ја прифатам, хаха.

Неколку месеци потоа, ме немаше, можеби бев во еИрска, не се сеќавам, дојде Мај 2014, за Претседател да се појави Александер Македон (главниот виновник), и да ме одбере за вМоФА на легендарниот ДаркоДимовски1, а пола од месецот и МоФА, и да ме впушти во она што досега изгледаше како бескрајна бездна на политичка работа.

Од тогаш наваму, ако се сеќавам добро, сум бил активен и во тек секој месец, со исклучок на неколкуте денови кога Сантино беше ЦП, и Персеј ако не се лажам. Простете, после толку многу време и мандати поминати, човек заборава.. 

Март 2015 прв пат се кандидирав и бев избран за Претседател на еМакедонија, кој, ќе бидам многу реален, за разлка од многуте мандати што сум ги минал како МНР, и Претседател во позадина, не беше задоволителен.
Чест ми е што јас бев тој Претседател официјално за прв пат да го потпише МПП-то со Унгарија, кое впрочем и тогаш беше критикувано, а сега гледам работите се сменија. На тоа МПП работев доста долго време, и мило ми е што сеуште постои, а се надевам и ќе постои.

За целиот тој период, поминав низ се и сешто.. Кога дојдов еМакедонија беше во длабок зимски сон, кој беше без повидок на будење и акција. Мене тоа ми сметаше, и најмногу заради тоа прифатив да ја водам оваа работа, за да сменам нешто што некои други пред мене го расипале. Денес гордо можам да кажам дека сум ја постигнал мојата цел.
Тогаш назад, единствена цел ни беше слобода, слободни региони, НАП со јужните соседи. Го постигнав и тоа, средивме НАП со грците, 2 месеци имавме слободни региони и јас видов една сосема друга еМакедонија.






За овие многу месеци поминати, можам да кажам дека стекнав многу, многу вистински пријатели кои ги ценам и ме ценат, што на некој начин и ја олеснуваат работата, за да не ми биде мака за времето поминато.

Гледам дека има уште луѓе кои мојата оставка од минатиот месец ја користат против мене, или Македонија, или не знам како веќе, па чувствувам потреба и таа повторно да ја објаснам.
Оставката не беше заради Србија, или заради Уништувач, оставката беше заради самиот начин на кој што цела таа работа се спроведе, а беше спроведена преку ноќ, недоволно поткрепена и осигурана, јас такви работи не сакам, затоа што таквите работи впрочем и се причината што еМакедонија беше втурната во пекол 2 години и повеќе, заради недоволно осмислени и непоткрепени акции, напади, војни.

Сакам само и да кажам, дека таа работа не пропадна заради мене, туку пропадна заради причините што погоре ги наведов. Неколку часа откако Уништувач ја објави статијата, и ја виде еСветот, Србите во групната порака вратија дека тоа мора да се ПАУЗИРА/СТОПИРА заради Астерија, и пред се заради што тоа им сметаше на нивните сојузници.
Пак јас крив како и да е.. 🙂


Мојата оставка не беше воопшто случајна, и беше разговарана и со УНИШТУВАЧ МКД со кој впрочем и до ден денес сум во супер односи, што ми е ептен драго. Без разлика на тоа како некои луѓе пробуваат да ја претстават таа ситуација.

Да се навратам и на најновото, ситуацијата со Чиле.. Како што спомнав, имам пријатели и врски насекаде во еСветот, па иако месецов реков, а и наредниве што доаѓаат, дека лека полека нема да ме има, сепак прифатив да направам услуга само и само заради другарот Пир.
Тој им пишал на Чиле пред неколку дена за МПП со Нигерија, ама не му вратиле, па на молба на НЕНОДС, јас ја презедов работата и помогнав околу тоа. Нигерија има МПП со Чиле моментално.

Неколку часа потоа, дојде ред да ни пише Чилеанската МоФА пианфар за продолжување на МПП, што нормално беше позитивно, и НЕНОДС пушти закон.
Првите 30тина минути гласање беа 3 ЗА 6 ПРОТИВ ако не се лажам, и јас ја искористив истата таа порака и за оваа тема. Затоа и ви реков да не се палите одма по шаути. Целата таа работа беше организирана од проГрк таму со име РедВулф, кој колку да се спомне, пред неколку месеци беше и МоФА па немаше некои позначајни проблеми со него, иако се знае каков е човекот.
Истите тие 13 гласа ПРОТИВ нашето МПП, се оние 13 гласови што гласаа ЗА импич на моменталниот Чилеански Претседател. Тука би ја завршил оваа тема.

Се ближи крајот на статијава, и нема да одолговлекувам уште многу. Гледам има доста критики за мене или луѓето околу мене, како и да е, кои се на добро срце прифатени. Никој не е совршен.

Простете што размислувам за подолг рок, и за тоа какви би биле последиците од одредени постапки. Впрочем, заради такви работи, и избрзани недосмислени потези, еМакедонија беше на самото дно со години. Никогаш не сум сакал ништо повеќе, отколку доброто за нашата земја.


И јас се согласувам дека треба нова крв во политикава, треба нова млада гарнитура, затоа што јас сум веќе е-стар..
Не можам и јас месец за месец да трошам од моето време, ако се тоа е неценето и залудно како што гледам. Си имам и јас живот на крај краева 🙂

Само ќе додадам дека хурото последниве 2 месеци е МоФА и одлично си ја врши работата, и тоа е една од работите што ми ја прави оваа ситуација полесна. Го оставам МНР во добри раце 😉


еМакедонија ја оставам веќе трет месец со слободни региони, што и беше мојата цел. Прв пат после 2 и повеќе години.

Ви благодарам на сите за досега искажаната поддршка, и за пофалбите и критиките. Им благодарам на сите мои пријатели за целото време што беа со мене, и многупати биле морална поддршка кога најмногу била потребна.

П.С. Со среќа на сите кандидати за Претседател о7

Поздрав и се најдобро,
Северус Снејп




However history remembers me, it shall only remember a fraction of the truth.