Државно уредување и тактика [SaveAss]

Day 2,367, 10:05 Published in Chile North Macedonia by SaveAss

Оваа статија беше наменета за следните претседателски избори, но како што изгледа ќе мора порано да се објави, за да се сомелат идеите.

Реално живееме во илузија дека нешто се работи, НИШТО не се работи затоа имаме и проблеми кои се влечат со мандати и мандати.

Да почнеме:
1. Ако сака државата донации од фармерите (оние во Чиле, Кина и сл) да ги спушти даноците на увоз во МКД, во спротивно нека бара донации од трговците.
2. Ако сака државата да раководи со пари вон државни приходи ќе мора да каже што и како со нив и нормално да побара што и како со тие пари.
3. Добро е што малку од малку се осети дека имаме проблем и дека не реагираме соодветно на надворешната ситуација.

После овие забелешки сакам да го претставам текстот кој беше наменет за кандидатура на некој иден претседател (некој што ќе има време и сл. се надевам за следниве избори)

Пред да почнете да читате сакам да ве замолам да пристапите на предлозите стратешки, не емотивно.

Претседателска програма.

Почитувани, за разлика од претходните кандидатури каде сте гласале за човек, сега ќе ве замолам да гласате за програма. Станува збор за долгорочна програма која треба да има реалтивно слаби резултати од почеток, но како поминува времето резултатите ќе стануваат се поочигледни.

Совет
Можеби се сеќавате дека имаше совет кој одлучуваше во името на Македонија, советот добро функционираше, но проблемот беше што извесни индивидуи повеќе се грижеа за својот џеб отколку за буџетот или пак немаа доволно капацитет да ги видат промените кои треба да настанат. После тоа, без совет се донесуваа брзи некоординирани одлуки зависно од тоа како тековниот претседател ќе му текнеше. Очигледно и двата система имаат нешто позитивно и нешто негативно, предлогот е да има повеќе совети и тоа конкретно за MOD, MoFA, ME и Известување. Секој од овие совети посебно ќе го опишам.

Совет на MOD
Во периодот после окупацијата се покажа дека имаме добри стратези, Phantom.MKD ја знае играта многу добро, добро е информиран и потребно е тим од најмалку тројца постојани членови кои ќе бидат дел од овој тим. Нивната активност ќе биде потребна зависно од активностите на воено поле.

Совет на MoFA
Дефинитивно треба да се има исти тим на дипломати, надворешната политика се заснова на пријателства, константност и одлучност. Потребата од овие луѓе е да има константност во односите со пријателите и непријателите, одмерување на силите и бенефитите. Најважно секако е да се има јасна цел дека Македонија треба да има бенефит од тие односи. Зависно од активноста DarkoDimovski1 и Aliss Wonder се дефинитивно најискусни, нивните совети наспроти исцрпувачка активност по каналите е повредна па едновремено би се формирал и млад тим кој ќе може да гради искуство.

Совет ME
Знаеме дека има многу поделени мислења по економијата, ама едно ќе се сложите дека економијата прави разлика особено на долгорочни патишта. Нормално тука се и многуте гафови околу даноците како оние кои се моментално актуелни каде трговијата е приоритетна, наспроти пазарните цени и достапноста на производите, нормално на штета на оние со МКД државјанство. Тука требаат луѓе без пристраснот и кои мислат за народот.

Совет за Известувања
Актуелната состојба е дека има статии, но тие се несредени, недостапни, неажурирани. Мора целиот тој хаос да се организира во екстерен документ кој ќе може да се повика, пребара, прочита, преуреди и надгради без да се изгуби квалитетот. Истото се однесува на дневните наредби, планови и сл.

Сите овие луѓе ќе бидат потпора на секој иден претседател кој со својот тим ќе имаат пристап до голем број на информации и ресурси за да донесат правилна одлука. Нешто што требаше да го направиме одамна.

Воена тактика

Сегашната состојба во најдобар случај ни е мизерна и можеби е најфино да си го признаеме тоа. Сепак и во таква состојба можеме да направиме многу, со правилно поставени цели. Да ја погледнеме мапата на балканот:

Силите на Балканот се избалансираа и настана ваква ситуација:



Србија е одговорна за Албанија и не се меша во другите региони
Грција е одговорна за Македноија и не се меша во другите региони
Романија е одговорна за Бугарија и не се меша во другите региони

Во ваква ситуација имаме неколку опции:
1. Фокусот да го сведеме на Грција и востанијата во таа земја. Еднаш дневно да бираме локација со најмногу Determination и таму да притискаме. Трошок 10.000 CC на ден.
2. Да креваме востанија во нашите региони и да успееме да ги држиме оригиналните региони слободни со цел даноците да можеме да ги кренеме на ниво доволно за да се одржиме и опстанеме во оригиналните региони. Нормално дека ќе ни треба помош.
3. Во договор со Албанија и/или Црна Гора да почнеме да ослободуваме заеднички региони и на тој начин да ја фокусираме нашата сила кон еден окупатор. На овој начин ќе имаме максимален ефкет при задржување на регионите ослободени, а и приливот на средства ќе биде поголем. Проблем е што сите треба да се тепаме под едно знаме со исто CS. Моментално ова е единствениот начин на кој Македонија, Албанија и евентуално Црна Гора би дошле до 7/10 ресурси и да можат да ги одбранат. За ова е потребно големо срце, труд и координација.

Економска тактика

Знаеме дека немаме пари, знаеме дека нема МЗЗ веќе подолго време, сега проблем се и МПП-ата. Реално економијата е долгорочен проблем кој некако сите го одбегнуваат, ама некако секогаш ни се враќа со нокаут.

Програма за бебињата:
Сите бебиња со навршување на левел 18 ќе добиваат по 2.000 мкд за да изградат една фабрика за Алуминиум (10 голд)
Сите бебиња со навршување на левел 25 ќе добиваат по 2.000 мкд за да изградат уште една фабрика за Алуминиум (10 голд)
Со оваа програма потребите на бебињата за храна и дополнителни финансии ќе станат само одржувачки, овој фонд ќе мора да биде поддржан од постарите играчи со донации за да може да остане функционален. Бенефитот е огромен зашто бебињата ќе можат самите да се одржуваат. Ова ќе ги отвори и ослободи да поставуваат прашања со што ќе може да се стекант и со информации како да ја играат оваа игра уште во раните фази.

Програма за тенкари:
Реално мора да се направи некој сооднос помеѓу производството на WRM и Тенкови, во спротивно едното ќе се произведува одвишок. Несомнено ќе дојде време кога ќе има премногу WRM кое ќе дреме по маркетите по 0,01 и никој нема да го купува. За да се минимизираат овие ефекти ќе се работи со воените единици на балансирање на производството на WRM со Тенкови на најмалку 1,5:1 соодветно за да се обезбеди краен производ кој може да се користи од единицата. Моментално, сметам дека овој сооднос е во голем дебаланс и стравувам дека WRM вишоци се таложат на светско ниво, некои од моменталните војни можеби имаат делумно влијание на успорување на овој процес, но наскоро тоа влијание ќе биде неутрализирано и резервите ќе почнат да растат повторно.

Политички концепт
Со имплементирање на овој систем, сигурен сум дека ќе има негодувања. Поддршката за овој систем ќе се гласа преку кандидат на сите избори кои јавно ќе објават дека го поддржуваат или ќе се надградат на овој процес. Конгресмените веројатно ќе знаат подобро отколку да одат против вољата на мнозинството.

Системот не е фер, не е рамноправен, зашто тоа не му е ни целта. Целта му е да се организира целокупниот настап на Македонија не само како воена него како економска сила, а не да се прилагоди на фетишите на сите поединци. Системот е правен да има прогрес и напредок и сите да имаат пристап до стручно мислење од соодветната област.

Системот знаеме дека работи, затоа што веќе е испробан и успешно работи, само сега треба да прерасне од концепт на МУ на концепт на Држава.

Му посакуваме среќа на кандидатот и се надеваме на успех, каде сите прозвани и непрозвани ќе се стават во функција на МКД, сега во еден амбициозен и компактен концепт.

Едно нешто имаме одамна заборавено, а тоа е дека сите сме Македонија, редно е да се потсетиме.

Со почит,
SaveAss