Златото ќе поскапи (SaveAss)

Day 1,880, 10:47 Published in Serbia North Macedonia by SaveAss

Почитувани,


веќе бидна подолго време како економијата одеше во позитивна насока, но во последно време насетувам дека се ближи период каде златото ќе почне да расте.
Причината за таквото тврдење лежи во резолуцијата на цените, каде под резолуција мислам на прецизноста со која може да се одреди некоја цена.
Како пример да речеме дека ако плаќате електронски на каса можат да ви наплатат до втора децимала, додека ако плаќате во пари ќе ви наплатат без децимали, зашто немаме монети во дени. Тоа нешто што јас го нарекувам резолуција.
Моментално резолуцијата на валутата се повеќе се доближува до нивото каде цената на RAW нема да може да се одреди, зашто подоле од 0.01 не може да се оди потребно е некако да се покачи резолуцијата на валутата за да има разлика во цените и да има смисла на постоењето на маркетот.

Од друга страна гледаме дека платите паѓаат, што е нормално проследено со намалување на златото, но имајќи во предвид дека целата економија вештачки се формира, знаеме дека тоа не е пресудно за цената на златото.

Значи доаѓаме се поблиску до момент кога цената од 0.01 ќе предизвика потреба од зголемување на резолуцијата на валутата, нешто што до сега Плато го менаџираше со цената на златото на следниот начин:
Ако при цена од 0.01 на маркет златото е 300 мкд тогаш на 600 мкд цената треба да биде 0.02, на 1200 треба да биде 0.04 и т.н. Процес кој на сите ни е познат од порано и кој засега полека но сигурно се приближува.

Проблемот е што ако златото не се зголеми сега скоро, процесот ќе стане се по драматичен како цената на RAW станува се помала, односно ако се смени на 0.03 цена на RAW цената на златото нормално би дошла на 500 мкд што е природна граница а RAW би се зголемил на 0.06 што дава прилично добра резолуција. Значи колку побрзо се случи тоа, толку помалку златото ќе рипне.

Дилемата што останува е кога ќе престане моменталниот пад на златото, за да се ќари оптимално на соодносот злато валута. За жал сега неможам да потврдам зашто може да се сучи секој момент во различен размер.

Она што знам е дека тоа сигурно ќе се случи, како што се случи неколку пати кога RAW падна ниско, а еднаш дури и седеше недела дена на 0.01.

Доколку некој има нешто да додаде за да им помогне на нашите граѓани добредојдени сте да постирате коментар.

ПС (не ставајте Vote на статијата) зашто сум во странство.

Со почит,
SaveAss