Бисери на мудроста [ Part 2 ]

Day 1,293, 13:36 Published in North Macedonia North Macedonia by ORIGINAL MKD

Бисери на мудроста :
Ако сте со премногу отворен ум,ќе ви испадне мозокот!
Не грижете се за тоа што мислат луѓето за вас,тие ретко размислуваат!
Не се фармерките тие што задникот ви го прават голем!
Вештачката интелигенција не може ни случајно да и се спротистави на природната глупост!
Мојата идеја за средување ба собата е да се мине со поглед низ неа!
Ниту еден доказ не ја поткрепува тезата дека животот не е сериозен!
Полесно е да се добие простување отколку дозвола.
За секоја акција постои подеднаква и спротивна програма од страна на владата.
Совеста е она што боли кога сите други делови од телото се чувствуваат прекрасно.
Јади здраво,биди весел,умри во секој момент!
Избалансираната диета е кога држиш по едно парче торта во секоја рака.
Средни години се кога широчината на умот и твојата половина ќе си ги сменат местата!
Секогаш постои една будала повеќе отколку што сме пресметале.
Искуството е преубава работа,ви овозможува да ја препознаете грешката веднаш штом ќе ја повторите!
Ако баш морате да избирате помеѓу два зла,изберето го она што сеуште не сте го пробале.
Радувај му се на тоа што го поседуваш, тоа се твоите вистински вредности.
Ти си најсреќен на светот со сите вредности што ги носиш во срцето.
Не чекај ја среќата за да се насмевнеш, туку насмевнувај се за да бидеш среќен.
Биди среќен поради верата, упатството и наслетството кое го имаш.
Среќа е задоволство во срцето, смирена душа, отворен ум, духовна радост, морална чистота, умерено однесување, задоволство и благост.
После маката доаѓa олеснувањето, после солзата доаѓа насмевката, после ноќта доаѓa денот, облаците на тагата ќе се разидат, тешкотиите ќе пројдат, ноќта на грижите ќе се раздени, но знај дека те чека награда.
Тоа што те радува нема вечно да трае, а ниту со тагата изгубеното нема да го вратиш.
Срцето е задоволно кога верата е исправна.
Радувај му се на животот бидејќи тој е убав, со секое добро дело направи го уште поубав.
Радувај му се на животот пред да дојде смртта и собери ги розите пред да го изгубат својот мирис.
Кој нема чувство за убавина, ништо во животот не му е убаво.
Биди расположен, иако животот е горчлив, и биди задоволен, па дури и
сите да се гневни.
Избегнувај ги грижите и сети се на благодетите кои Бог ти ги дал
Тој што не го признава едноштвото на Бог, лишено му е срцето од светлината на верата.
Твоето злато е верата твоја, украс ти е моралот, а богатство убавото однесување.
Човекот и не знае што е вистинска среќа, ниту вистинска несреќа, човекот знае само за длабочината и горчината на несреќата која самиот ја доживеал, како и за тежината на болеста која самиот ја преболел, но никој не знае за несреќите, ниту болестите кои другите ги поднесуваат.
Богати се оние кои немаат желби, а питачи се оние кои редовно сакаат да имаат што повеќе!!
Двајца луѓе ќе почнат да се сакаат, тогаш кога ќе постанат способни да живеат еден без друг, но одбрале да живеат заедно.
Штом недовербата влезе на врата, љубовта излегува низ прозор.
Љубовта не е никаква загонетка, бидејќи веќе стотина пати сме ја решиле. Напротив, таа е згодна одгонетка, која секогаш повторно ја замрсуваме, како би уживале во нејзиното решавање.
Насмевката не се плаќа, а многу вреди!
Таа ги збогатува оние кои ја примаат, и не ги осиромашува оние кои ја даваат.
Трае момент, но вечно се памти.
Никој не е толку богат насмевката да не му биде потребна, ниту толку сиромашен да не може да ја даде.
Насмевката е нежен знак на пријателство, та
таа ја одмара уморната душа И ја враќа храброста на обесхрабрените И ако некогаш сретнеш некого кој не е во состојба да ти се насмевне И ако ти тоа го заслужуваш, биди великодушен, насмевни му се,
Бидејќи, насмевката нему му е најпотребна!





Поздрав ... Вашиот
ORIGINAL MKD