Македонски воздушни сили #7

Day 4,090, 07:48 Published in North Macedonia North Macedonia by eRevenant
Здраво на сите,

После подолг период, ноќеска имавме предизвикувачка битка. Иако беше касно и знаевме дека ќе немаме помош од сојузниците, решивме да се пробаме сами против сите. Почнавме агресивно, сите заедно и го држевме ѕидот на наша страна до 40та минута, кога од спротивна страна влегоа аргентиски и чилеански пилоти. Ресурсите полека завршуваа и решивме да се предадеме по 1 час машка борба. Иако испукавме двојно повеќе од Турците, помошта од сојузниците беше пресудна


-Статистиките од Battle-eye скриптата не се најточни
- Во топ 50 МАФ има штета од 25 170 153


Што понатаму?
За некого разочарување, за мене мотив повеќе дека тоа што го работиме последниве месеци не е за џабе и воедно лекција плус за наредните војни. Се надевам дека оваа битка ќе ве мотивира и вас и дека за следната војна ќе бидеме уште поспремни!

После војнава продолжуваме со исто темпо, рефундот продолжува активно да се дели на сите членови.

За тоа што нуди МАФ прочитајте повеќе во оваа статија
https://www.erepublik.com/en/article/-61-2689603/1/20



Збор-два околу ситуацијата со парите од банка

МАФ е проект започнат уште пред неколку месеци со лични средства. Вложени се доста пари, време и труд во градење на единицата. По вчерашното пукање се надевам дека ви е јасно и на вас дека проектот е успешен. На почетокот сам ја финансирав единицата се додека не добивме голем број на играчи.

Пред 3 недели побарав помош од државата за воведување на мали измени во единицата и се согласија да помогнат. Храната и куќите се финансирани од мeне, додека пари за убиства се од владата.

Пред 3 недели поделив 26 695cc
Пред 2 недели поделив 85 950cc
За минатата недела се поделени 163 860cc

Секоја помош во вид на куќа, попуст при пакети, храна и слично, за членовите на МАФ, се мои лични средства.


Околу касата

Немам евиденција што и како е работено во минатите месеци поради тоа што не сум претставник на владата. Рентите се големи, приливот на око голем меѓутоа секој сојузник ги добива парите назад, а на некои се плаќа и рента. Памтам и дека пред некое време(ако не се лажам против АСот на Грција во Индија) се плаќаше за штета на канали на дискорд.

За вчерашната битка исто така е платена штета на играчи што беа онлајн тој период(сојузници). Поради евиденција, никој со МКД државјанство(вклучувајќи го и Чивас 🙂 ) нема земено пари за вчерашната битка.


http://prntscr.com/met5wc
http://prntscr.com/mesmb3 - https://prnt.sc/mejobu

http://prntscr.com/mesx2g - http://prntscr.com/meu59u
http://prntscr.com/meskq5 - https://imgur.com/a/IQsvJko
http://prntscr.com/meslb2 - http://prntscr.com/meu62a
http://prntscr.com/mesk05 - https://ibb.co/HdrZR2C
http://prntscr.com/mesjjf - http://prntscr.com/meu6jr
http://prntscr.com/metknm - http://prntscr.com/meu6v8
http://prntscr.com/mfdny7 - https://prnt.sc/mejnzm

ЕДИТ: На еден наш член се пратени 52 300cc за штетата од вчера, поради тоа што го испука цел голд, а пакетите се за неколку дена
http://prntscr.com/mevkld

Сето ова е грубо за што се потрошени пари во изминатиот период, подетално се надевам ќе има од надлежните.


За тие што критикуваа и прашуваа зошто поединечна единица е "спонзорирана" од владата?

-Зошто никој не се нафатил да направи проект, во кој ќе се вложи труд, време, средства и да побара помош од државата? Според мене, тие средства што се одвојуваат( просек 100к неделно) се ништо во однос на штетата(damage) која се придобива од овој проект, меѓутоа доколку мислите дека е погрешно, спремен сум да го прекинам рефундот од државата и да продолжам според претходната програма.


За крај, благодарност до сите кои останаа до 4 саат ноќеска и пукаа рамо до рамо до последно чоколадо.
*Ел команданте симнува капа

Заедно за силна еМакедонија!





Искрено ваш,
eRevenant
о7