Македонски воздушни сили #3

Day 4,040, 12:13 Published in North Macedonia North Macedonia by eRevenant
Здраво на сите,

По 11иот роденден на еРепублик полека, но сигурно работите се враќаат на старото. Периодов помина речиси неактивно без потреба за некои позначајни удари, па затоа во статијава нема да има слики од ударите кои ги направивме.

Како што беше кажано претходно, фирмите за куќи се отворени и секој член може да се вработи за минимална плата кај еден од командирите, а за возврат да добие q1,q2 и q3 куќа. Куќите се делат само во НЕДЕЛА

Рефундот со храна и понатаму функционира секој ВТОРНИК!



НОВО ВО МАФ!


МАФ ја отвара вратата кон сите авијатичари кои што сакаат поактивно да играат. Членовите без пакети ќе бидат ставени во регимента 2 и ќе добиваат рефунд на храна(1q2 леб за убиство) за почеток. Исто така ќе можат да собираат од неделното КО кое што го користиме за време на ударите!(деновиве ќе биде вратена опцијата да може да се поставува КО)

Услови за влез во МАФ:
-носење аватар на единицата;
-задолжително присуство на МАФ групата на вибер


Уште една промена за оние кои што сакаат да играат со пакети, но немаат доволно добар профил или средства за да ги купат пакетите. МАФ ви нуди можност да "заработите" бесплатни пакети.

Повеќе детали во приватна порака!




Ни следи интересен период каде што ни е важно да имаме координирана штета во авионските битки, па секој кој што има време и желба нека ми напише порака дека сака да добие покана за влез во единицата.


Заедно за силна еМакедонија!





Искрено ваш,
eRevenant
о7