Три месеци "Македонија на Македонците" + поделба по 25 q7 тенкови

Day 3,592, 11:00 Published in North Macedonia North Macedonia by despacit0

Драги Македонци и Македонки,

поминаа точно 90 дена откако се одллучив да ја основам партијата Македонија на Македонците. 90 дена се грижиме за нашите членови со поделба на храна и оружје, 90 дена се бориме за еМакедонија да има активна и квалитетна влада и можам да кажам дека конечно овој месец успеавме. Без разлика што Драган беше кандидиран од друга партија,морам да кажам дека Драган е претседател како што доликува да има една држава. Културен,способен,активен и пред се комуникативен се одликите на нашиот претседател,секоја чест и за неговиот тим кои неуморно се залагаат за нашата држава.


" Колку повеќе активни партии во играва,толку повеќе активни играчи на играва " - беше мотото под кое ја формирав партијата. И да,можам да кажам дека успеав во намерата. Од околу 200 активни еМакедонски играчи кога ја регистрирав, еМакедонија сега брои нешто над 300 активни еМакедонци што е пораст за околу 35%. Им благодарам на сите оние што ме поддржуваа и ми помагаа во моите намери да ја вратам еМакедонија колку што е можно да биде поактивна според број на жители.
Претходните два месеци имавме тотално неактивна и неориентирана влада,никогаш никаде за ништо не известуваше.Се разбира дека тоа од наша страна беше јавно критикувано што овој месец вроди со плод,добивме влада каква што заслужуваме!


Ние ќе продолжиме со нашата цел и во иднина,ќе продолжиме со критикување кога нема да чини и со пофалби кога сите работи се како што треба.





Приклучи се и ти во Македонија на Македонците, заедно да пробаме да ја вратиме еМакедонија горе на врвот! Можеш да се зачлениш на овој линк - https://www.erepublik.com/en/party/makedonija-na-makedoncite-5360/1


По повод што постоиме точно три месеци, МнМ на своите членови ќе им подели по 25 q7 тенка за да бидат опремени да пукаат кога ќе биде потребно за еМакедонија. Само коментирајте,и веднаш ќе ви бидат пратени.


Претседател на МнМ,
despacit0