Кандидатура за претседател 2 [Little Beast]

Day 3,696, 03:37 Published in North Macedonia Lithuania by Little Beast

Здраво на сите.

Најпрво би сакал да ви ја честитам Новата 2018та Година и да ви посакам успех на секое поле.

Еве ја и мојата втора статија поврзана со мојата кандидатура за претседател. Доколку некој ја испуштил првата може да ја прочита тука.

Во оваа статија повеќе ќе се осврнам на тимот со кој планирам да ја водам државата доколку бидам избран како и плановите и проектите кои би требало да се реализираат.

Во периодот помеѓу овие две статии се консултирав со многу играчи за тоа што е најдобро и како треба да се постапи.

Статијава повторно ќе ја поделам на сегменти за подобра прегледност:

1.Данок

2.Проекти

3.Тим



1. Данок

Првично увидов на ѕидот на државата дека има преголема тензија и непријателски коментари помеѓу играчите за висината на данокот. Согледувајќи го тоа се решив лично јас доколку бидам избран пред стапувањето на функцијата како конгресмен да пуштам закон за намалување на данокот и тој да биде 3% фиксен во првата недела од моето владеење. Во преостанатиот рок зависно од ситуацијата, повторно ќе се разговара за позитивните и негативните страни на висината на тој данок која самите ќе ја согледаме лично и ќе нема потреба да се филозофира и погодува што ќе биде ако биде. Доколку се увиди дека државата има загуба и дека работењето во фирмите и покрај намалувањето е полошо од сегашниот 5% данок, данокот ќе се врати на 5%, но само доколку има штетни последици со 3% данок.

Исто така сакам да ве известам дека голдот кој моментално стои во трезор ќе биде стопен и претворен во валута од проста причина што на тој начин ќе има поголема корист од него наместо да стои како украс.



2. Проекти

Во претходната статија имавте можност да ги прочитате проектите кои се планира да се имплементираат и средствата кои ќе бидат одвоени за нивна реализација. Во разговор со играчите и оние кои имаа желба да ме исконтактираат увидов дека има забелешки околу два од трите проекти.

Првата забелешка беше околу средствата која се планира да се одвојува на неделно ниво за КО дека тие средства многу лесно би се трошеле нерационално од страна на индивидуалци во единиците и дека подобро е тие пари да стојат во банката и претседателот да одлучи во итна состојба колку и каде ќе се искористат. Исто така мислам дека ова е правилно и ферски бидејќи одговорноста паѓа само на претседателот и би се избегнале конфликти со командирите на единиците.

Втората забелешка беше за висината на помошта за пакети која државата ќе ја доделува на оние на кои најмногу им е неопходно. Поради тоа иако првично во статијата беше наведена максимална сума од 30.000 денари, оваа сума планирам да ја зголемам за двојно и да изнесува 60.000 денари. Значи ова е максималната сума која еден играч би ја добил доколку аплицира за помош околу пакети. Доколку му требаат помалце пари тој ќе ги добие, значи не мора да бара баш 60.000 денари.

За третиот проект наидов на голема поддршка од воените единици во Македонија кои имаат авијатичари во своите редови и идејата за стимулација на слабите играчи да пукаат повеќе во авио, а за тоа да добијат рефунд наиде на одобрување и дополнителна поддршка од сите инволвирани во авио битките тој проект да се реализира и конечно државата да се стекне со посилна авио војска. Во моментов во тек е изработка на финален план и координација со авио единиците во државата. Дополнително објаснување и целосната процедура како ќе изгледа авио субвенцијата ќе можете да ја дознаете неколку денови по моето евентуално избирање за претседател, но се спрема доста солидна помош за новите авијатичари.



3. Тим

За жал владата во заминување и нејзините членови во периодот кој доаѓа нема да бидат во можност да ми помогнат со нивното искуство и знаење, па јас бев принуден да барам комплетно нов тим кој ќе се потруди Македонија да ја претстави достојно и во вистинско светло како на военото така и на дипломатското поле.
Во претходната статија повикав секој кој има желба и слободно време да ме исконтактира за да го ставам во тим и да може да ми помогне во мандатот.

Ова е мојот тим:

Премиер – ORIGINAL MKD

Гувернер – SudacaMKD

Министер за Одбрана - Od Popaj Maliot

Министер за Надворешни Работи – Phantom MKD

Благодарност до партиите Republikanska Partija и Makedonska Narodna Partija како и на нивните претседатели GAMBLE_24 и Phantom MKD и за поддршката за мој избор.

Се надевам дека јас како претседател, а и членовите на владата ќе ја добиеме и поддршката од народот на ЦП изборите и ќе добиеме можност да ја водиме државата.

Повторно ќе искористам прилика да го поканам секој кој има желба и слободно време да ме исконтактира доколку сака да биде дел од тимот.

Искрено ваш

Little Beast