БРАВО ГАЗДИ СО 1DW КОМПАНИИ!!!

Day 1,128, 09:16 Published in North Macedonia North Macedonia by Patriot Chuni

( 1DW или 1 day work се компании кои откако работникот ќе им одработи го бркаат од компанијата и на негово место иди следен кој веднаш одкако ќе одработи е избркан)

Одлично сработено... вие се збогативте имате сега за војни и за да работите со бустери т.е постојано да се ојачвате. Сега откако ќе ојачате можите да се фалите дека вие сте добри македонци, работни, спремни за борба, правите огромна штета во битки и се се најубо ама што ја уништивте економијата на Македонија... тоа можи да ве прај:

ДОБРИ БУГАРИ, ДОБРИ ГРЦИ!!!
НО НЕ И МАКЕДОНЦИ!!!

затоа што вистинскиот патриот и онај кој сака да и помогне на Македонија работи чесно, со мал профит, ја зема предвид конкуренцијата и не мисли на овој начин:

ЈАС ДА СИ СЕ ОЈАЧАМ, А ДРУГИТЕ НЕКА СТАГНИРААТ!!!
ВИСТИНСКИОТ МАКЕДОНЕЦ НЕ ГАЗИ ВРЗ ДРУГИТЕ МАКЕДОНЦИ НА ПАТОТ ЗА УСПЕХОТ!!!

Нешто слично важи и за „камиказите“! Со тоа што ќе работите кај некој чесен и поштен газда со 20 сила нема да помогни, туку направете листа на 1DW компаниите и удрете по ПРЕДАВНИКОТ!!!

А ВИЕ ОБИЧНИ РАБОТНИЦИ, „СМРТНА КЛАСА“ не им помагајте на овие првите со тоа што ќе видите поголема плата и скокате како мариовците на Итар Пејо по маглата... можи ќе заработите денар-два повеќе но така не помагате на МАКЕДОНИЈА туку ОДМАГАТЕ!


Сите сме патриоти големи на збор, но ретко кој е и во душата! А ако продолжите вака како што почнавте со себичност и личен интерес одлична работа ќе им свршите на јужните и на источните, ќе имаат после да се фалат: „е Македонците шо се лесни не мора да ги тепаш или убиваш тие си ја знат работата, сами ќе си се уништат!“.


ПОСВЕТА:
Оваа статија ја посветувам на сите разочарани газди на кои им пропаднаа фирмите од вакви „патриоти“ како и на сите оние работници кои работат за пониска плата кај некој чесен, поштен и вистински МАКЕДОНЕЦ!!!