Љубовта е бојно поле [МЗИ]

Day 3,738, 13:00 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje




Здраво на сите.

Да напишам на кратко за утрешните случувања во врска со промоциите кои Плато ги најави.



1. BH и SH медали

Утре ќе има екслузивна можност доколку завршите втори во битка да добиете дупло повеќе голд од тој што ќе биде прв и ќе го освои медалот. Значи во Д2 ако бидете втори, ќе добиете 6 голд, а првиот ќе си добие 3 голд како и досега.



2. Љубовно копче

Пред две години ова копче се користеше за противничката страна да пука со 50% помалце штета. Оваа новост тогаш не била многу популарна, па затоа сега ќе има промена. Значи кога ќе се активира ова копче нема да влијае на штетата која може да се прави во битката туку ќе влијае на обичните битки да даваат дополнителен престиж поен како да е битката епска. Доколку битката е веќе епска или комплетна војна ова копче нема да има ефект. За да го активирате ова копче ќе ви требаат 5.000 денари, а епската битка ќе трае една минута.



3. Промена на сили

Утре ќе имате можност во траење од два часа да ја сменете вашата сила со силата на некој друг профил. Тоа ќе можете да го направите со кликнување на копчето Switch Strength на профилот на играчот со кој сакате да си ја промените силата.



4. Медиумски натпревар

Ова значи дека сите статии кои ќе се објават на ден 3.739 и кои се поврзани со промоциите и еРепублик ќе бидат во можност за награда од Плато. Ќе треба да си ја пријавите статијата на дискорд каналот каде тим од администрацијата ќе ги одбере нивните омилени статии и 14 среќни добитници ќе освојат 100 голд. Листата на добитници ќе биде објавена на ден 3.741 т.е. овој петок.



Ете тоа е накратко за новостите кои ќе ги имаме во текот на утрешниот ден.

Искрено ваш

Little Beast