Благодарност до сите!

Day 3,651, 06:43 Published in North Macedonia North Macedonia by Severrus Snape

Добар ден Македонци,

како што гледате, денеска во 11 часот и 15 минути започна одбројувањето за пучот, а битката почна 3 часа подоцна.

Сакам да им се заблагодарам на ГоодБеер за превземање иницијатива за гласовите на конгресмените, и на самите конгресмени за нивниот глас и поддршка, и на сите оние кои оставија коментар на мојата претходна статија.

Посебна благодарност до сите што донираа средства кој колку е во можност.

Само од вашите донации беа собрани вкупно 651.948 денари.

Фуриоус Лејди го надополни остатокот со продадени пакети во вредност од 420.000 денари, за вкупна сума од 1.071.948 денари.

1 милион за диктатурата, останатите 71.948 ќе се префрлат во Банката како пари од трезор, намена за Комбат Ордерс.

Што значи, државата во ова учествуваше со 0 денари, и напротив, заврши со 71.948 денари плус.


Листата на донатори со имиња и сума може да ја погледнете овде, во отворениот документ за евиденција на НБРМ трансакции во папката „Диктатура“ на следниов линк:

https://docs.google.com/spreadsheets/d/1BVy8DKOtUk574wmr35JNLPS3pF65z_gyI63TW3EJefY/edit#gid=171677208

или во коментарот на Фуриоус Лејди од претходната моја статија, каде таа ги пишуваше донациите како што ги добиваше.


Прво нешто што ќе го направи Диктаторот е да пише тикет на Админите за логови од трансакции на НБРМ, да дознаеме и јавно ја откриеме и решиме тајната за тоа каде отидоа парите кои пред 10 дена ги снема од НБРМ кога ДаскалотМКД беше Претседател за 2 дена.

Околу воени акции не можам ништо повеќе да откријам, затоа што плановите сеуште се кројат, а би требало да почнат да се изведуваат наскоро, ќе видите и самите. Ние имаме неколку опции за тоа, и моментално ја разгледуваме која е најдобрата. Предлагам сите да сте максимално спремни! Купувајте барови и тенкови, затоа што цената сигурно ќе им порасне уште повеќе за денот на роденденот.

Сега слободно пукајте за Диктатурата во некоја од 13-те единици кои ја поддржаа, и од утре ќе почнеме повторно со редовни директни напади и востанија.


Можам слободно да кажам дека 10-те дена мрак во политичка еМакедонија конечно завршија, и од утре повторно ќе сме вистински функционална држава, спремна да одговори на секој предизвик.

Останете ми со здравје, и да одиме напред заедно за нови победи на еМакедонија!

о7