...

Day 1,791, 07:26 Published in North Macedonia North Macedonia by NatashaIv

... Редно е и јас да напишам збор два и да споделам еден убав настан со вас.. Не не се омажив, ниту па ги поминав колоквиумите (сепак е рано за нив), немам ниту роденден, не е никаков настан поврзан со мојот рл, туку со овој вториот.

HAPPY 2 e😎ay to ME 😃 😃
Да не должам точно пред две години, по долго убедување направив акаунтче и решив да видам која е таа фамозна игра за која сите зборуваат, игра која дури и беше промовирана на националните телевизии.. Од тој ден секој ден се повеќе и повеќе навлегуваав во игричкава, станав дел од лавови, ме караа дека не ги извршувам моите дневни активности, не дремев на канал.. Но подоцна си го поправив воспитанието и сега сум она што сум..



Не знам до кога ќе живеат лавовите, но најверојатно и остатокот од мојот еживот ќе го поминам таму. Пробав да се вклучам и во еполитиката..Бев конгресменка, амбасадорка во Турција (потоа ни се заладија односите и сватив дека не ми е таму местото), имав успешни мандати во министерството за информирање и образование..Не сум јас по медот, повеќе волонтирам.
Како и да е поминав голем број часови дремејќи и губејќи време на играва, и не дека не се каам што ја почнав, ама тврдоглава сум и ќе терам до крај.
Благодарение на играва запознав и нови интерени личности, иако ги има и такви што не сакам името на чет да им го видам а не па..
Целиот мој живот го поминав и поминвам во Македонија и на крај еве го резултатот од моето двегодишно играње


P.S Мојата финансиска состојба нема да ме поколеба да поделам некое тенкче во чест на мојот втор роденден.. И официјално не сум повеќе бебе, пораснав 😃
Знам дека многумина од вас нема ни да прочитаат што глупости изнапишав ама однапред да им се извинам на тие што ќе го прочитаат текстов за неговата 'убавина'..


Girl from MACEDONIA
или [LAVica]Natasha