Кандидатура за конгресменка

Day 1,707, 07:35 Published in North Macedonia North Macedonia by NatashaIv

Почитувани еМакедонки и еМакедонци,



Повторно јас- Girl from MACEDONIA ќе ве ѓнавам со уште една статија за конгресменски избори. Во мојот еживот само еднаш успеав да ја добијам вашата доверба и да бидам конгресменска.
Сега повторно го сакам тоа, се надевам сум заслужила па ќе ми овозможите уште еден мандат. Периодов оние кои ме знаат и сами забележаја дека не сум нешто многу активна, но и мене ми беше потребен одмор.
Како и да е колку толку, некој повеќе некој помалку, а некој воопшто не ме знае но сепак девојка сум која стои на зборот. Па затоа не давам некакви ветувања за кои знам дека немат да се остварат.

Доколку би била конгресменка доволно е да знаете дека никогаш ама никогаш не ставам закони на своја рака, гласам само онака како што ќе биде кажано и не одобрувам државјанства без предходна консултација со надредените.
Да, знам дека сите кандидати тоа го ветуваат, но исто знам и дека не сите го исполнуваат.
Мислам дека досегашнопто мое делување во овој есвет е дополнителна потврда за мојата сериозност и искреност. Се што правам правам за мојата еМакедонија. Никогаш не сум ја напуштила ниту ќе ја напуштам оваа земја.
Играва ја играм повеќе од година и пол, за тоа време остварив многу. Неколку пати бев дел од министерството за информирање и образование, а и сега сум. Успеав да стигнам до сила 10к и сум во светската сила со две ѕвездички. Посебно горда сум на моите 12 медали кои ги заслужив бранејќи ја мојата татковина. Но тоа не значи дека сум себична и мавам само за еМакедонија, напротив никогаш не се двоумам мојот инфлуенс да го дадам и за пријателските земји.

Не очекував дека ќе си се испофалам олку многу ама што да правам, умре таа што ме фалеше.
И само уште неколку реченици..
Не сум купила ниту еден глас, ниту пак некогаш сум го продала мојот.
Помагам кога можам, ми помогнале кога сум немала.
Не се оптеретувам со играва, не сум искомплексирана, играм за забава. Она што сеуште ме тера да ја играм оваа игра се личностите кои ги запознав и кои секој ден ги запознавам. Имат толку прекрасни, но и искомплексирани личности. Како и да е.. Во секоја од нив може да се најде нешто добро. не си замерувајте за виртуелни работи и секако гласајте за мене. xD

Сметам на вашата подршка се надевам и јас ќе ја оправдам вашата доверба што ја имате во мене (ако ја имате) па не се двоумете на 25 Јули да се преселите во мојот роден крај Западна Македонија - Охрид и да гласате за мене.

И да,



Со почит,
[LAVica]Natasha односно Girl from Macedonia
регион:Западна Македонија
ПАРТИЈА: MO-UP