Зоне Замфирова ака Побегуљи

Day 1,474, 16:21 Published in North Macedonia Poland by kojoti2


Задни неколку дена голема прашина се дигна околу нашиот конгрес (кој на легален или илегален начин е избран од народот а ако некој и е изгласан со донирање тенкови или парични средства тоа не е негова грешка туку на оние кои земале мито за да гласаат).

Значи за прв пат од кога ја гледам играта нашите конгресмени работат и даваат идеи кои се гласаат со просто мнозинство, конгресот започнува со пишување на нова историја во еМакедонија и од безгласно тело полека се придвижува кон фактор каде се донесуваат одлуки и се расправа околу различни идеи ( дали се исправни или не времето ќе покаже).

Најголема врева се крена околу плаќање за државјанство и тоа од страна на побегуљи кои не прв пат ја напуштаат еМакедонија кога таа останува на 1-3 ресурси. Главна причина како што сами кажуваат е поголем инфлуенс и дека во соседни држави ке произведуваат повеќе со што ќе можат да маваат повеќе за Македонија.

Колку е тоа исправно ќе оставам да проценат самите Македонци низ неколку примери

Поголем број од побегуљите се припадници на нашите воени единици - истите единици кои очи вадат ако им спомнеш укинување на рефунд. Рефунд кој всушност преставува државен буџет собран од данок кој го плаќаат државјаните на еМакедонија независно дали се цивили или припадници на воени единици.

Земајќи друго државјансто во држави каде имаат 10/10 ресурси и работејќи ги своите фирми таму тие плаќаат данок на таа држава, а рефунд сакаат од еМакедонија малку нелогично да не кажам трагично. Да напоменам пак дека се отидени у друга држава заради ЗГОЛЕМЕН инфлуенс, но по можност да земаат рефунд од држава каде не плаќаат
данок, а и донации во вид на тенкови од држава каде пак ќе повторам НЕ ПЛАЌААТ данок.


Нека спомене претседателот (кој и да биде) да се укине рефунд и само гледајте реакции).



Следна работа е продавање на црно истите побегуљи со зголемена продуктивност си продаваат тенкови на црно во нашата еМакедонија пак избегувајќи данок преку директна донација. Со самото продавање кај нив се складира голема количина МКД кои потоа се заменуваат на ММ за злато а златото се претопува во валута на држава каде имаат државјанство. Со еден збор се изнесува златото од државата и цената на истото расте.

Значи тие 1000 МКД се само капка од профитот кој тие дневно го прават и кој конгресот сака да го врати во еМакедонија. Дали оваа одлука е добра или лоша ќе покаже времето но како што видовме од статија на DON TAS средствата ќе се искористат за нашите еБебиња што е потег за поздрав. Исто колку што можев да видам секоја донација е точно заведена и за секој МКД се знае кај е и за што ќе биде употребен.

Може уште примери но во тоа во некоја друга прилика.....

За крај оставете го конгресот да се издигне на ниво на кое и треба да биде, а не како до сега само да стискаат yes и no впрочем за тоа и ги биравме, до сите конгресмени една голема подршка за промените, а побегуљите оставете ги нека плачат....

Поздрав Македонијо