Идолопоклонство

Day 1,444, 11:54 Published in North Macedonia Poland by kojoti2


За почеток ке дадам еден линк кој се надевам дека ќе го разберете иако е на Српски јазик ако има некој потешкотии ке направам едит па ќе го преведам на Македонски..

Линк 1 http://vukajlija.com/idolopoklonstvo

Линк 2 http://tinyurl.com/69xcskk

Задолжително прочитајте пред да продолжите да ја читате статијата...

Оваа е длабоко врежано во Македонскиот народ (за тоа кој го врежал и како нема да образложувам бидејќи статијата ќе биде многу долга).

Исто како и во РЛ така и овде на оваа игра играчите си создаваат свои идоли на кои им се поклонуваат (не е важно дали се во право или не).

Анархичен како што сум целиот живот не сум научен да се поклонувам на идоли, почит да, клањање никогаш...

Не сум научен виртуелни идоли да ме убедуваат дека два плус два се пет, просто тоа се учи во основно образование и секој што ќе проба да ме убеди во тоа изгледа дека пропуштил некој степен во образованието или просто кажано на кумановски ах тој пусто осмо одделение...

Во РЛ никогаш не сум покажувал почит кон луѓе зависно од тоа колку пари имаат, какви коли возат или како се облечени. Едноставно парите за мене немаат некоја важност. Супер беше и кога ќе седневме во кафеана но супер беше и кога без скршен денар вртевме некој литар ракија или вино во круг и супер се забавуваме...

Туку да не одам далеку од тема а темата сепак треба да биде поврзана со играта...

Значи секој во животот си имал некој идол па така и овде во игра, тој идол може да биде некој што многу тенкал, стар играч со многу фирми кој добро работи и прави голд, некој со привилегии на нашиот национален канал итн. Заради една или друга причина тој станал идол во очите на играчите и за нив тој е виртуелен бог.

Секој играч си има свое мислење стекнато со тек на играње некои со тек на време го менуваат некои не но сепак секое мислење треба да се респектира, кога секој би мислел исто би биле како роботи а различно мислење доведува до нови идеи позитивни или негативни во тоа нема да навлегувам.
Почит треба да се залужи пред се со чесност и одговорност, почит спрема пари не е почит туку е користољубие и таквите идоли идолопоклониците ги забораваат за 3 дена.
Секој кој мора да пишува статии за да покаже дека нешто направил у виртуелна игра (потенцирам игра) треба длабоко да се замисли и да разбере дека е оваа игра и само игра, секој придонесува на свој начин во неа и треба да се репектира секој од најслаб играч до најак секој придонесува со своето присуство во играта и со нанесениот инфлуенс.

Исто како што се пишува за позитивни работи треба и за грешките да се пишува за да не се заборават онаа што е лошо треба да се знае за да не правиме исти грешки натаму и тоа упорно го правам без оглед дали тоа некому му се допаѓа или не и ќе продолжам да пишувам,новите играчи треба да ја знаат и другата страна на приказната. Колку и дали е тоа точно образложено е во моите претходни статии со бројки а бројките никогаш не лажат...

Мислете со своја глава и бидете си сами на себе херои затоа што тоа и сте....

Поздрав Македонијо