Илуминатска (читај Секташка) Собиранка енд френдс :)

Day 1,377, 08:08 Published in North Macedonia North Macedonia by GeneraI Maximus


Почитувани дами и господа,

Би сакал да ја известам пошироката јавност и да ја запознам малку поблиску со Тајната Македонска Дружина - Македонски Илуминати.

Имено статијава ја пишувам малку подоцна од настаните опишани во неа не поради тоа што немав време или неможев порано туку заради што до пред некоја минута се беше зад превезот на непознатото. После одобрение на Високиот совет на Македонските Илуминати одлучено е да се обелодени и да се демистифицира пред пошироката јавност настанот кој што се се случи во периодот на организирање на Охридскиот Пивофест со цел да се оттргне вниманието на љубопитните очи подалеку од центарот на главното збиднување а тоа е Собиранката на Македонските Илуминати (од аспект на тајноста која го обвива цел настан нема да споменам каде беше одржан собирот. На истата добија покана да присуствуваат и уште неколку хаотични и членови подложни на арамилук поради нивните тесно поврзани лични интереси со одредени личности внатре во организацијата. Имиња нема да спомнувам со цел да биде заштитен нивниот идентитет а тие што треба да се препознаат на следните слики сами меѓусебе ке се препознаат. Во интерес на времето ке ја скратам приказната и нема да ја пишувам статијава со километри се со цел да не ве загинам некаде по сред пат. Следуваат ексклузивни нецензурирани слики од центарот на збиднувањата:

Протокол:

1. Подготовка ментално-физичка на високиот врв:







2. Организирање и изведување на главниот настан со присуство на елитата:

- Подготовка на теренот





- Главната точка на дневниот ред:



- Развој на ситуацијата (заплет)



- Потпоручникот „хХх“ задолжен за одржување на огнот



- Листата со точки и запирки на дневниот ред



- Тајната вечера (многу се закаснавме со спремањето па не стори вечер време) големиот собир на тркалезната маса на илуминатите и останати секташи 🙂



- Расплет: потпишан билатерален договор за соработка меѓу различните а сепак обединети Македонски единици



Се надевам дека на овај начин барем малку ве запознав со начинот на делување и решавање на проблемите и израмнување на разликите на начинот на Илуминатите, Тајно и здружно !!!

Следната тајна средба ќе биде на: хх.хх.хххх датум во град: Хххххх во месноста викана: Хххххххх. Останете во очекување на следната приказна.
До тогаш останете со 0 здравје и најголем направен инфлуенс за Македонија !!!

Со почит,
Мартин а.К.а. Генерал Максимус
Лидер на Македонски Илуминати

..:: Si vis Pacem, Para Bellum ::..
* Macedonian Illuminati *