БОЛНИ ЛИ СТЕ? БАРАЈТЕ БОЛНИЦИ!

Day 1,229, 04:13 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula
Алберт Ајнштајн рекол: „Бесконечни се само универзумот и човековата глупост. За универзумот не сум сигурен“. Апсолутно е во право. Глупоста може да е неограничено голема. Следете ги бројките, ако сакате проверете ги!!

RAW - Материјали: Едноставни за пресметка, платите се помалку или повеќе - толкави колку што диктира пазарот. Високи или ниски цените на суровините, зависни се од количината што ја имаме на пазарот - па тоа е тоа... Пример: Гуру** има 41 денар плата, произведува 95 парчиња пченица која чини 0.47 денари на пазар, па газдата има 3 денари и тоа е ОК... Слично со железото...

Индустрија за храна: Бесконечна глупост. Поголема од универзумот! Ајде да видиме зошто... Се земам себеси за пример, како му земам на некој јадник кај кого работам БАЕГИ повеќе отколку што му носам.
Имам 665 продукција и му правам 110 леба. Трошам 110 пченица. За да ја купи таа пченица човеков плаќа по 0.47 денари парче, тоа е 110*0.47=51,7 денари. И мене ми плаќа 44 денари плата. Значи плаќа вкупно 51.7+44=95,7 денари за да добие 110 леба... Е сега, одам на пазар, и истиот кај кој работам, го ставил лебот по 0,68 денари, значи кога ќе ги продаде сите мои 110 леба, и ќе плати 5% ДДВ, ќе заработи (110*0.6😎*0.95 = 71,6 денари! Значи за да земам плата како гроф, јадниов мој газда губи само на моја сметка 24 денари! Од ЕДЕН РАБОТНИК ГУБИ 24 ДЕНАРИ! 10 души како мене и со мастеркарт не ќе може да не нахрани! Ало, Газда! Пресметај бе! МИНИМАЛНА ЦЕНА на лебот што го продаваш МОРА ДА БИДЕ 0.9 денари на оваа цена на суровина. НЕ 0.6, сврти ја шестката! 0.9!!!
Внимание, удрете математика и за Q2 - и тука ќе видите дека по апсолутна најнииска граница на лебот е 1.41 денар. Со 1.17 одите по 21 денар минус за човек! Први кои работат со нула добвка се Q3 компаниите. Луѓево дале 70 злато - за да работат од први за први.... Браво!

Дајте бе малку размислувајте!