Економската ситуација и обидите за качување на цената на лебот.

Day 1,203, 14:07 Published in North Macedonia North Macedonia by eMacedon Jr.

Статијава ја пишувам "испровоциран" од статијата која која има најмногу гласови моментално. Значи во неа се повикува за зголемување на цената на лебот за да не пропаднат фирмите за леб бидејќи одат во загуба. Но фирмите за леб не одат во загуба поради тоа што е мала цената на лебот туку поради тоа што се превисоки цените на пазарот на трудот (job market). Тоа е така бидејки има премногу компании кои нудат работа и ја креваат цената на платите до тој степен што со вработувањето на работникот тие одат во загуба и доколку работникот работи со 100 енергија а не зборам ако ти се погоди некоја камиказа. Зошто го прават ова не ми е јасно подобор е да немаш ниту еден вработен отколку да имаш 10 кои ке ти работат со загуба. Незнам што мислат менаџерите но очигледно дека не сваќаат дека не е се во квантитетот туку е во квалитето на работењето. Немора да има секоја компанија по 10 вработени. Значи главниот проблем лежи тука во преголемите плати кои ги нудат менаџерите со цел да добијат повеќе работници.
Е сега читам и дека ако продолжи вака ке се отвараат се повеке фирми за жито а фирмите за леб ке пропагаат и ке имаме проблем и со ова се слагам. Но што ако се качи цената ке почнат да се отвараат повеке фирми за леб ке расте понудата на лебот и ке се случи исто како што е ситуацијата сега со житото, односно лебот нема да се продава и повторно ке почне да паѓа цената на лебот. Значи овој план е краткорочен. Има и мислења дека со војна ке се качи цената на лебот. И со ова не се слагам потполно бидејќи пред некој ден имавме војна во која направивме најголема штета досега во една војна, што значи дека мававме многу а со тоа и трошевме многу леб и колку беше цената на лебот? Иста. Максимум до 0.65 максимум.
Еден од начините да се реши оваа ситуација е да пропадна голем број на фимри но тоа е невозможно поради можноста секој да работи во својата фирма како менаџер па и ако нема вработени да си вади сам екстра профит. Друг начин е да не се даваат понуди на пазарот за работа, особено фирмите за жито во кој би си работеле само менаџерите, со што би се релаксирале цените на пазарот на труд, и да се бараат работници само од фирмите кои произведуваат леб. Ова е практично невозможна мисија но е еден од начините на кој може да се реши ситуацијата. И последниот начин е со нов и ГОЛЕМ BABY BOOM. Со тоа би дошле нови играчи кои ке бараат постојано работа на пазарот за труд и со тоа ке паѓаат цените на платите а воедно ке се троши и повеќе леб со што ке дојде до намалување на понудата на леб а зголемување на понудата на цената.
Значи во една реченица проблемот е во големиот број на фирми а малиот број на жители кои ги имаме во нашата еМакедонија. Единствен излез и најреален излез од ова би било ГОЛЕМ BABY BOOM бидејќи другите два начини се неизводливи.