Силна држава - слаби играчи

Day 1,201, 15:11 Published in North Macedonia North Macedonia by eMacedon Jr.

Оваа статија ја пишувам во врска со новите промени во играта со кои веќе ќе неможе да се одбегнува данокот при вадење пари од компаниите. Значи од денеска па натаму сите ке си плаќаат данок на државата и буџетот ке биде полн до врв. Сега сакам да кажам неколку збора за оваа ситуација. Како прво со ова ново правило играчите ке имаат помала можност да се борат и ке напредуваат побавно, но за таа цел ке се полни буџетот на државата. Досега ако некој имаше фирма за жито и леб едноставно можеше да се бори максимално секој ден да се надопонува до 300 енергија без та троши пари. Односно ке произведе жито ке си го откупи самиот од фирмата за леб ке си произведе леб кој ке го продава и самиот ке си го купи својот леб од пазарот и потоа ке си ги извади истите пари и се така во круг. Е сега веке тоа нема да биде можно и со самото тоа ке има помала можност да се бори секојдневно а со тоа и да си го зголемува воениот ранг.
Сега не сум доволно упатен кои се трошоците на државата (молам некој поупатен да ми каже) но мислам дека единствена и најкорисна работа е склучување на мировни договори со останатите држави. За таа цел потребно е плаќање во злато а не во денари, како што државата ке го зема данокот. Што ке се случи тогаш со монетарниот пазар? Од каде ке се најде толку злато или едноставно ке го снема златото од пазарот доколку државата своите денари ги претвара во злато?
Целта на играта е да напредуваат играчите а не државата. Бидејки ако државата има пари што ке и се ако играчите се слаби односно неможат да напредуваат побрзо. Мислам дека ако останеше како што беше до сега ке беше за сите подобро. Државата ке можеше да си збира злато по пат на донации како што беше пред некој ден. Но како и да е новата ситуација е тука и мораме да живееме со неа.